fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ѝ нанесе штета на Република Македонија

-

СДСМ се обидува да им наштети на пензионерите, образовните и здравствените работници, полицијата и на војската, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ дека ќе поднесе тужба до Управниот суд.

„На СДСМ му стана практика пред секои избори да бара нешто да им се ускрати на граѓаните за потоа да може да обвинува дека Владата не ги исполнува своите обврски. Ваквата шема на дејствување на СДСМ беше актуелна и пред минатите избори, кога СДСМ бараше на земјоделците да не им бидат исплаќани субвенциите, а потоа обвинуваше дека се доцни со исплатата“, стои во реакцијата.

Според владејачката партија, целта на СДСМ преку обидите за вето на дополнителниот заменик-министер Кире Наумов е иста.

„СДСМ ги воведе државните записи во 2004 година, а сега е против нивното издавање, иако секаде во светот се користат како инструмент за финансирање на буџетот. Кога е во прашање нивното влијание на престојните избори, аукциите беа планирани уште пред една година, кога немаше ни збор за нови избори. СДСМ се обидува преку деструктивното дејствување да ѝ нанесе штета на Република Македонија“, се вели во реакцијата и се додава дека приказната на СДСМ одамна е прочитана бидејќи народот деветпати по ред на избори го потврдува својот избор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...