Вештачка интелигенција: Како би изгледале игрите во форма на филмови со тема мрачна фантастика

Dark Souls as a 80ties dark fantasy movie pics

Од декември минатата година интернетот е преплавен со фотографии генерирани од вештачка интелигенција за тоа како одредени игри би изгледале како филмови со тема мрачна фантастика од осумдесетите години на минатиот век. Се генерираат и фотографии за веќе постоечки филмови преработени како фотографии од „ерата пред интернетот“.

 Најмарканти филмови и серии кои го опишуваат овој стил од прва рака би биле „Лавиринт“ со Дејвид Боуви и Џенифер Конели, „Бескрајна приказна”, „Раскажувачот” од Џим Хенсон, „Конан“ со Арнолд Шварценегер. Покрај оваа „класика од филм“ има и втор дел од тоа време наречен „Конан Освојувачот“ во кој глуми и Грејс Џоунс како силен феминистички лик. Потоа, „Црвената Соња“ со Брижит Нилсен и повторно Шварценегер но овојпат како Калидор, „Судирот на Титаните“ и многу други.

Споменативе филмови имаа своја сопствена естетитка што инволвираше особен вид на камера и осветлување, многу различни маски и употреба на роботи во фукнција на мајсторски сработени кукли кои беа или контролирани со механизми и тоа баш роботи на далечинско со кабли или преоблечени актери со инзворедна костимографија.

Но рака на срце некои од филмовите во тоа време личеа и на таканаречена “B”(Бе) продукција односно филмови од полош ранг. Тоа е и токму дражот и естетиката што одлично ја доловуваат фотографиите направени од вештачка интелигенција. Во овој напис ќе ви презентираме неколку видеа полни со такви фотографии на тема на различни познати наслови од светот на игрите. 

Дарксоулс:

Ова е видеото што го започна бранот на овој тренд. За Souls Like игрите односно игри во стилот на Darksouls игрите имаме многу изминати написи кои ви препорачуваме да ги прочитате а најпознат за скорешна ваква игра е Елден Ринг што доби награда за игра на годината за лани на настанот Game Awards 2022.

Елден Ринг: 

Исто така би продолжиле со видео со слики -како би делувала Скајрим како филм од осумдесетите години во жанр мрачна епска фантастика: 

Исто така има и добра адаптација за Моровинд првата попозната Елдер Скролс игра -претходник на Обливион и Скајрим:

 

Впечатлива е и адаптацијата за Диабло 1 : 

Диабло 1 беше револуција во ваквиот тип на игри односно изометриски РПГ хак ен слеш игри и ја имаше најдобрата музика за игра и во своето време па можеби и денес -трака која ја има и во даденото видео погоре.

Адаптцијата за Вичер: 

За World of Warcraft: 

Секако отварањето на овие линкови ќе ве донесе и до последователни и други исти вакви содржини на дадената тема на YouTube чиј што број расте екпоненцијално. Се предвидува дека во релативно скоро време ќе може и да се генерираат и цели филмови базирани на вакви варијации. Но, за тоа секако ќе биде потребен и човечки фактор да ги уреди и дотера.

Еве уште една интересна адаптација за Сајберпанк 2077 базирана на оригиналниот прв Блејд Ранер филм со Харисон Форд, Дерил Хана и Роџер Рутгер Хауер: 

А како за крај повелете и сублимирано видео за повеќе видео игри: