fbpx

Tаравари: Пластични хирурзи имаме премногу, а немаме радиолози и педијатри

Ќе направиме мораториум за одредени специјализации. Размислуваме и за начин за мотивација на помладите доктори да одат на гинекологија, анестезиологија, радиологија, педијатрија и други сектори во кои ни недостасуваат специјалисти, рече Таравари

-

Во сите болници и клиники има сериозен дефицит на кадар. Ќе направиме мораториум за одредени специјализации. Пластични хирурзи имаме премногу, а немаме педијатри, радиолози, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

„Кадарот е сериозен проблем. Затоа, оние кои се подолго време на договор, ќе добијат решенија. Има луѓе кои и по 15-20 години работат на договор. Ќе се видам и со специјализантите тие ќе бидат вработени. Ќе зборувам и со деканот на Медицински факултет, ќе направиме мораториум за одредени специјализации. Размислуваме и за начин за мотивација на помладите доктори да одат на гинекологија, анестезиологија, радиологија, педијатрија и други сектори во кои ни недостасуваат специјалисти“, рече Таравари.

Министерот кажа и дека ќе има телефонски броеви на кои граѓаните ќе може да пријавуваат проблеми во јавното и приватното здравство. Концептот е насловен „Пријави кај министерот“.

„Ако пациентот наиде на затвоени врати, ако нема доктор за преглед или има некој друг проблем, истиот ќе може да го пријави. Ќе имаме мобилни екипи, во кои ќе има и луѓе од Државен здравствен и санитарен инспекторат, кои ќе одат на терен по пријава и ќе преземаат мерки. Екипите ќе ги посетуваат неочекувано и приватните и јавните здравствени установи и ќе прават записници. Ќе бидат преземени мерки ако не си ја вршат работата како што треба“, рече Таравари.

Тој најави и дека за две недели ќе биде објавена новата позитивна листа на лекови. Освен тоа Таравари кажа и дека ќе има национална фармацевтска политика за осигурување и достапност на основните лекови за што ќе биде потребно усвојување нов закон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Укинатите возови од Скопје за Битола повторно во функција, младите и пензионерите ќе се возат бесплатно

По речиси една година откако беа укинати по два воза дневно на релација Скопје - Битола - Скопје, ЈП „Македонски железници“ ги враќа истите линии на поаѓање и доаѓање....