fbpx

Таравари назначи нови директори на клиниките

Владата на последната владина седница донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи

-

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари именуваше нови в.д. 12 медицински директори.

Новите кадри во јавните здравствени установи се следните:

Универзитетска клиника за уво нос и грло – д-р Игор Камшикоски
Универзитетска клиника за дерматологија – д-р Катерина Дамевска
Универзитетски институт за радиологија – д-р Соња Николова
Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – д-р Ирена Алексиоска-Папастиев
Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања – д-р Танер Хасан
Универзитетска клиника за психијатрија – д-р Славица Арсова-Хаџиангелковска
Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија – д-р Мери Трајковска
Универзитетска клиника за нефрологија – д-р Никола Ѓоргиевски
Универзитетска клиника за ревматологија – д-р Емилија Сандевска
Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – д-р Злате Мехмедовиќ
Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – д-р Небојша Настов
Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар – д-р Арѓент Муча.

Владата на последната владина седница донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, односно се укина постоењето на две управувачки позиции – организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите.

„На овој начин ќе се одбегне дуализмот и прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите“, образложија од Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изненадувачки проекции по изборите во Франција: водство за левицата, партијата на Ле Пен на трето место

Коалицијата на левицата, која се собра неочекувано пред предвремените избори во Франција, освои најмногу парламентарни места на денешното гласање, во вториот круг од изборите, покажуваат проекциите. Според изненадувачките резултати, центристичкиот...