fbpx
Таг: вработувања

таг: вработувања

Манчевски: Ќе има детален извештај за новите вработувања во Владата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска изјави дека во текот на оваа недела, Владата ќе соопшти детали за сите нови вработувања, но дека ќе излезе и со извештај за, како што рече, измамата околу вкупниот број на вработени во јавната администрација. - Во текот на оваа недела, многу побргу од предвидениот рок, ќе доставиме детална информација за...

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека од работа биле избркани успешни директори на институции

Зоран Заев и СДС почнаа со партиските чистки и со политичкиот прогон на неистомислениците, со нивно бркање и смена од работни места, изјави на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека во еден ден биле сменети 1.500 членови на управни и на надзорни одбори. - Фондот за здравство сè уште не може да носи одлуки за лекување на болни осигуреници во...

ВМРО-ДПМНЕ ќе побара информации за новите вработувања во институциите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија ќе поднесат барање да им се достават информации за тоа колку нови луѓе се ангажирани или вработени во државните институции на определен, неопределен период, засновале работен однос врз основа на договор за дело, авторски или друг договор, информираше на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој додаде дека во согласност...

Францускиот министер за внатрешни работи си поднесе оставка

Францускиот министер за внатрешни работи, Бруно ле Ру, си поднесе оставка поради скандалот со привремените вработувања на неговите ќерки во собранието на земјата, за што се води и истрага, јавуваат светските агенции. Бруно ле Ру својата одлука ја соопшти денеска. Тој изјавил дека не сторил ништо погрешно со вработувањето на своите ќерки, но навел дека поднесува оставка од почитување кон...

На штипскиот универзитет му се потребни 200 нови вработувања, вели ректорот Боев

На Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип му се потребни 200 нови вработувања на млад, образован кадар, за зголемување на квалитетот на наставата. Меѓутоа, и покрај тоа што Министерството за финансии дало одобрување за дел од овие нови вработувања, актуелниот статус кво во државата по изборите, не дозволува овие вработувања докрај да се реализираат. Ова го вели ректорот на Универзитетот,...

Петер: Инвеститорите не ја напуштија државата во криза, од новата влада очекуваат дијалог

„И покрај тешкотиите со политичкиот систем изминатите две години, бизнисмените имаат добро чувство за иднината. Странските инвеститори се стабилни во работењето, некои од нив бројот на вработени го зголемија двојно,“ одговори претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанска комора, Штефан Петер, на прашањето на „Мета“ за влијанието на политичката криза врз инвеститорите. - Ниту една странска компанија не се...

Битолските советници на пауза поради „некултура“ и „немање домашно воспитување“

Плановите за вработување на 67 лица во јавните претпријатија во Битола предизвика нова политичка кавга во Советот на Општината. На расправата паднаа тешки обвинувања за власта и навреди за опозицијата, иако и двете страни се согласни дека законска обврска на јавните претпријатија е да ги изнесат плановите за вработување во тековната година пред градскиот Совет. Од опозицијата истакнаа дека во...

Германските компании во Македонија вработуваат 20.000 лица

Претставништвото на германските комори во Македонија по 17-годишно дејствување во земјата прерасна во делегација, што претставува значајно унапредување на канцеларијата во германскиот систем на комори. Од комората информираат дека одлуката била донесена во Берлин, каде што детално била оценета работата на претставништвото на германските комори во Македонија во изминатите години. - Во 2000 година, кога беше отворено претставништвото, во земјата работеа 15...

БИРН: Странците инвестирале седум пати помалку од најавеното

Странските инвеститори инвестирале седум пати помалку од најавеното и отвориле три пати помалку работни места отколку што ветиле, покажува базата на податоци  „Странски инвестиции под лупа“ изработена од новинарскиот тим на БИРН Македонија. Истражувањето опфатило 138 инвестиции што биле најавени или промовирани од Владата во период од 2007 до 2016 година. Тоа покажува дека дури 43 од најавените странски инвестиции...

Тевдовски: 2017 ќе биде година на пресврт во економијата и за граѓаните

Силно ќе ги поддржиме домашните претпријатија за тие да може да се развиваат, да отвораат пристојни работни места и да даваат повисоки плати, истакна претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ, Драган Тевдовски. - Испланиравме 140 милиони евра директна државна поддршка на домашните мали и средни претпријатија (МСП). Ќе им овозможиме поголем пристап до финансии,...

Повеќе од 50 проценти од младите сакаат да ја напуштат државата заради вработување

Стапката на невработеност на младите во Македонија изнесува 52,9 проценти, што ја рангира земјата на трето место на светската листа, покажува истражувањето „Невработеноста на младите луѓе во Република Македонија“ што го спроведе Фондацијата „Фридрих Еберт“ годинава. Истражувањето, покрај тоа, покажало дека повеќе од 60 проценти од младите над 18 години сметаат дека тешко ќе најдат работа во земјава. - Личните и политичките врски се...

Милошоски: СЈО не работи професионално, туку претпочита партиска работа

Последната изјава на госпоѓата Јанева дека вработувањето на нејзиниот внук во Специјалното јавно обвинителство не претставува непотизам е врв на нејзиното потценување на граѓаните и лицемерство кон принципите за транспарентност и за праведно работење, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. - Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава...

Предизборни вработувања во штипската болница?

Оглас за прием на 30 медицински сестри и техничари распиша денеска Клиничката болница во Штип. Оттаму велат дека предност ќе имаат неодамна отпуштените 25 волонтери, под услов да се со квалификации соодветни на критериумите од огласот. Некои од нив со години работеа без плата. Според економската директорка на болницата, Елизабета Папарова, со овој оглас ќе се пополнат местата на пензионирани...

Германските компании треба да ѝ одговорат на Меркел зошто не вработуваат мигранти

Германската компанија „Блу шип“ ќе мора денеска да ѝ одговори на канцеларката Ангела Меркел зошто досега вработила само 100 мигранти откако повеќе од еден милион влегле во таа земја, јавува „Ројтерс“. Меркел ги повика на одговорност некои од најголемите германски компании да го објаснат неактивирањето и размената на идеите за работната ангажираност на мигрантите, пренесуваат светските агенции. Германските компании тоа го...

За шест дена седум предизборни потези – власта забрзано се утврдува за 11 декември

На 31 август лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино го утврдија 11 декември за датум кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори. Веќе следниот ден владејачката партија почна со кадровски рокади во Министерството за внатрешни работи, вработувања во министерството и со серија потези во пресрет на предвремените избори. Дел од експертската јавност и опозициските партии ваквите...

Началникот на СВР Битола си ја вработи сопругата во ресенската полиција и отвoра нови 26 места

Началникот на СВР Битола, Методија Атанасовски, си ја вработил сопругата Марјана како негова колешка - во службите на полицијата во Ресен. Вчера СВР Битола отвори нови 26 работни места, кои ќе бидат пополнети без оглас. - СВР не вработува, обратете се во МВР, тие склучуваат договори за вработување - вели портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, тврдејќи дека нема информации за нововработени во...

Темпото на вработување во ЕУ забавува

Во Европска Унија се забавува темпото на вработувања, така што статистиката покажува дека секој шести е невработен, во првите три месеци годинава. Работа пронашле 15,4 проценти од невработените, односно три милиони невработени, наведува Евростат. Со тоа, темпото на вработување било забавено во однос на четвртото тримесечје лани, кога работа успеале да пронајдат 18 проценти од невработените или 3,5 милиони луѓе. Извештајот...

МВР распишува оглас за вработување на нови 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи распишува оглас за вработување на 600 нови полицајци, дознава „Мета“. Огласот треба да биде објавен утре во „Службен весник“ и во утрешните изданија на дел од дневните весници. Како што може да се прочита од огласот, станува збор за прием на „600 извршители на работното место полицаец“, за работа во Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од...

„Ван Хол“ започна со изградба на втора фабрика во Бунарџик

Белгиската компанија „Ван Хол“ започна со изградбата на втората фабрика во технолошко-индустриската зона Бунарџик 2. Изградбата на фабриката ќе се одвива во три фази, а вкупната инвестиција ќе чини 17 милиони евра. Во фабриката во која ќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар планирани се околу 400 вработувања.

„Младите си отидоа, партијата се вработи“ порачаа демонстрантите

„Шарената револуција“ на денешниот протест насочен против „продавањето“ на работниците за минимални плати, ги обоија објектите на Агенцијата за вработување (АВРМ) и на Министерството за економија и порачаа „Младите си отидоа, партијата се вработи“ и „Книшка плата, клати врата“. Пред демонстрантите говореа неколку студенти и професорката од Економскиот факултет, Билјана Секуловска-Габер, кои преку лични примери ја раскажаа приказната за незадоволството од...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...