fbpx
Таг: воз

таг: воз

Воз удил мигрант кај станицата Илинден

Синоќа, околу околу 23.30 часот, на железничкиот пруга Скопје – Табановце, на влез за железничка станица Илинден, се случи железничка незгода во која меѓународен воз, кој сообраќал на релација Солун - Скопје - Белград, удрил во 62-годишен мигрант од Авганистан. Лицето добило тешки телесни повреди и е пефрлено во Ургентниот центар во Скопје за укажување лекарска помош.

Најмалку 14 мигранти загинале во несреќа на пругата Велес – Скопје

Најмалку 14 илегални мигранти загинале откако синоќа во нив удрил воз на пругата Велес - Скопје, пренесуваат медиумите. Трагедијата, според првичните информации, се случила во близина на стојалиштето Пчиња, кога меѓународен воз налетал на 50-члена група што се движела во правец кон Белград. Како што пренесува „24 Вести“, теренот каде се случила несреќата бил непристапен и спасувачките екипи и полицијата таму пристигнале со...

Воз прегазил 25-годишно момче кај Скопски саем

Дваесет и петгодишно момче го загубило животот во железничка незгода што вчеравечер, околу 22.45 часoт, се случила спроти Скопски саем. Како што информираат од полицијата, станува збор за Александар А., во кого удрил воз што сообраќал на релацијата Скопје - Белград. Од повредите Александар А. починал на самото место. Од полицијата нема информации за околностите во кои се случила несреќата, а по...

Секој трет викенд младите бесплатно ќе патуваат со воз

Агенцијата за млади и спорт, во соработка со „Македонски железници – Транспорт“, денеска го промовираа проектот со кој младите до 27-годишна возраст секој трет викенд во месецот ќе можат бесплатно да патуваат со воз. Почетокот на проектот беше означен со бесплатно возење на група млади до Велес. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасески, ги повика младите да ја искористат оваа...

55 луѓе повредени во судир на воз и на камион во САД

Педесет и пет луѓе биле повредени, од кои еден потешко, во судир на воз и на камион во областа Халифакс во сојузната американска држава Северна Каролина, пренесуваат медиумите. Во моментот на несреќата, во возот имало 213 патници и осумчлен екипаж. Според првичните информации, до несреќата дошло кога возачот на камионот, во обид да сврти десно, се нашол пред возот. https://www.youtube.com/watch?v=d0K4m2WZuAw

Лос Анџелес: 30 повредени при судир на воз и на камион

Најмалку 30 лица се повредени денеска откако воз удри во камион кој преминувал преку пруга во близина на Лос Анџелес. Несреќата се случила околу 5.45 часот наутро по локално време, во близина на Окснард, околу 200 километри северозападно од Лос Анџелес. Како што јавува „Си-Ен-Ен“, властите го фатиле возачот на камионот. Според снимките на американските ТВ-канали, повеќе вагони излетале од пругата, а камионот...

Судир на два воза во Швајцарија

Во швајцарскиот град Рафц, северно од Цирих, утринава дојде до судир на два воза, при што се повредени повеќе лица. Поради несреќа запрен е железничкиот сообраќај во овој дел на Швајцарија. Засега нема информации за бројот на повредените, а локалните медиуми јавуваат дека возила на итна помош се наоѓаат на местото на настанот.

САД: Се преврте воз-цистернa, евакуиран цел град

Товарен воз кој превезувал повеќе од 100 цистерни сурова нафта, излета од шините при снежното невреме во американската држава Западна Вирџинија. Барем една цистерна излетала в река, а 14 се запалиле, што предизвикало голем пожар и истекување на нафта, соопштија претставниците. Гувернерот на американската држава Западна Вирџинија, Ерл Реј Томблин, прогласи вонредната состојба во окрузите Канавха и Фајет за да им се овозможи...

Воз прегазил 24-годишен Сириец

Вчера, околу 11 часот, во полициската станица во Неготино, било пријавено дека на железничката пруга на излезот од Демир Капија кон Неготино било пронајдено машко тело, прегазено од воз, информираат од полицијата. Јавен обвинител и екипа на неготинската полиција извршиле увид на местото, во кој било утврдено дека станува збор за 24-годишен Сириец, илегален мигрант. По наредба на јавен обвинител,...

Полицијата во Ниш пронашла пиштоли во систем за греење на воз

Во системот за греење на возот што сообраќа на линијата Софија - Белград пронајдени се 19 пиштоли и револвери. Пиштолите и револверите биле од марката „екол“, со калибар од 9 милиметри, а пронајдени биле и 500 куршуми. Оружјето и муницијата биле пронајдени по анонимна дојава, а возот бил запрен и претресен на железничката станица во Ниш. Се претпоставува дека станува збор за шверц,...

Воз усмртил маж во Миравци

Вчера, во 10.25 часот, во полициска станица Гевгелија, граѓанин пријавил дека во атарот на село Миравци, кај месноста Вирот, во непосредна близина на железничката пруга, забележал машки труп. На местото увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија, а од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт која настанала како последица од удар во пределот на главата, нанесен од...

Поради времето, укинати возовите за Кичево и за Битола

Од утре привремено ќе бидат укинати возовите број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје – Кичево – Скопје поради лошите временски услови и ниската температура. Како што соопшти МЖ „Транспорт АД – Скопје“, двата наведени воза нема да сообраќаат сè додека не се создадат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.

(ВИДЕО) Мичиген: Четири лица избодени со нож во воз

Полицијата во Мичиген приведе лице кое е осомничено дека со нож избоделo четири лица во воз во местото Најлс, соопшти локалната полиција. Никој не е убиен во нападот, наведе полицијата, но не соопшти во каква состојба се жртвите, ниту пак откри повеќе детали за инцидентот и за осомничениот. Најлс е место со околу 12.000 жители, а се наоѓа на 16 километри...

Околу 1.300 патници девет часа заглавија под Ла Манш

Повеќе од 1.000 патници на два возови „евростар“, останаа девет часа заглавени под земја откако кабел се скина во Северна Франција, јавува британскиот весник „Дејли меил“. Гневните патници велат дека биле оставени во целосна темнина, без свеж воздух и тоалети, откако кабли се скинале меѓу Лил и Кале. Еден од возовите патувал од Лондон до Брисел со 600 патници во него, а поради дефектот,...

Илегални мигранти, повторно жртви на железничка несреќа

Двајца сиријски државјани ги загубиле животите на железничката пруга Гевгелија - Табановце, кога во нив удрил товарен воз. Според полициските информации, несреќата се случила утрово, околу 1 часот, на железничкиот мост на реката Тополка, во Велес. Сиријските државјани, кои биле на возраст од 22, односно 23 години, починале на самото место. Јавен обвинител и екипа на велешката полиција извршиле увид на...

Товарен воз прегазил илегален мигрант

Илегален мигрант утрово бил прегазен во центарот на Велес, од товарен воз, кој сообраќал на линијата Гевгелија - Скопје. Несреќата се случила околу 6 часот, а случајот во полиција го пријавил машиновозачот. Полициската екипа која интервенирала, на местото затекнала уште шестмина мигранти, кои се приведени во полициската станица во Велес. Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото и работат на утврдување...

Воз прегазил татко и син, илегални мигранти

Авганистански државјанин и неговиот малолетен син, вчеравечер загинале кога во нив удрил товарен воз кој се движел на железничката пруга Скопје - Гевгелија, информираат од полицијата. Несреќата се случила околу 22.30 часот, кај местото Јаворица, а таткото и синот кои се движеле со поголема група авганистански државјани, илегални мигранти, починале на самото место. За помалку од една недела, ова е трет...

Почина новинарот Драги Јанковски

Јанковски повеќе од 10 години беше дел од редакцијата на „Дневник“
Во несреќен случај, животот го загуби поранешниот новинар на весникот „Дневник“, Драги Јанковски (1975-2014). Несреќата се случила во Лондон, каде што тој живееше последните неколку години. Јанковски повеќе од 10 години беше дел од редакцијата на „Дневник“, а колегите со кои соработуваше имаат само убави зборови за момчето кое беше многу посветено на професијата. Колегите од „Дневник“ за Јанковски велат: Никој...

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...