четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: визуелизации | 21 резултати

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

септември 12, 2024

Од почетокот на летово во земјава изгореле површини на повеќе од 85.000 хектари, покажуваат податоците кои ги објави Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), компонента на службата за управување со вонредни ситуации Коперник. Голем дел од овие површини беа и шуми, како што беа случаите на планините Серта, Галичица, Мукос и други. Точната бројка […]

Три пати повеќе ковид случаи во август во споредба со јули, вакцини сè уште нема

септември 11, 2024

Во текот на 2024 година, а заклучно со 8 септември, регистрирани се вкупно 1.503 заболени лица од ковид-19. Во август е регистрирано зголемување за 3,3 пати во однос на претходниот месец. Во првата недела од септември, пак, регистрирани се 111 заболени лица, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Иако здравствените власти препорачуваат исклучиво вакцинација […]

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа

мај 1, 2023

Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери низ филијалите на Македонска пошта. До неодамна, владините функционери го промовираа како „успешен проект“, па дури […]

Во Струмица се одржа тридневна обука, младите учеа новинарство засновано на податоци и визуелизации

април 28, 2023

Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) од 26 до 28 април во Струмица ја спроведоа тридневната обука на англиски јазик „Новинарство засновано на податоци и визуелизации“. На обуката учествуваа 11 лица, првенствено студенти и млади новинари, од Вардарскиот и од Југоисточниот регион. Обуката ја водеа тројца […]

Во „Шорткат“ денеска ги пренесуваме барањата на младите за зелени општини

декември 22, 2022

Барањата на младите за зелени општини се главна тема во денешната епизода на „Шорткат“. На оваа тема разговаравме со две млади лица од скопските општини Чаир и Аеродром, како и со одговорните лица од здружението „Гоу Грин“. За барањата кои младите од четири општини ги имаат кон градоначалниците за новата 2023 година ќе информираме вечерва. […]

Дупките во цевките трошат најголем дел од водата за пиење во Македонија (инфографик)

март 27, 2020

Одредени делови од Македонија ќе се соочат со недостиг на вода за пиење, доколку во наредниот период не се одвојат позначителни средства за реконструкција и надградба на водоводните системи низ општините. Актуелните податоци покажуваат дека најголем потрошувач на вода за пиење во национално ниво е токму неприходуваната вода, во која што категорија спаѓаат физичките губитоци […]

Филипче предлага радикални мерки: Затворање на театри, кина, теретани и скратено работно време на кафулињата (инфографик)

март 12, 2020

На тројца од вкупно деветтемина пациенти со корона вирус на Клиниката за инфективни болести од синоќа лесно им се влошила состојбата и дишат поотежнато. Тројцата имаат над 65 години, но, како што информира министерот за здравство Венко Филипче, „засега не им е потребна респираторна поддршка“. Во меѓувреме, министерот посочи дека за корона вирусот се тестира […]

Секој граѓанин дневно произведува 1,1 килограм отпад (инфографик)

декември 26, 2019

Од 2011 година официјалните мерења покажуваат постојан тренд на зголемување на отпадот во земјава. Само за четири години комуналниот отпад е зголемен за 90.000 тони. Најголем “произведувач“ на отпад е Скопскиот регион, а најмало количество на создаден комунален отпад има во Југоисточниот регион, пишува во неделната анализа на „Порталб“. Најновото истражување на Заводот за статистика […]

Нема доволно места за паркирање во Скопје, но затоа има премногу работа за пајакот (инфографик)

декември 23, 2019

Недостатокот на паркинг места во Скопје е голем проблем за граѓаните кои го користат својот автомобил за патување низ градот, но за пајак – службата на ЈП „Градски паркинг“ ваквата негативна состојба е вистинска можност за заработка. Непрописно паркираните возила, кои ги крева пајакот, на ова јавно претпријатие му носат приход од стотици илјади евра […]

33 години неуспешни обиди за изградба на трамвај во Скопје (хронологија)

декември 14, 2019

Приказната за изградба на трамвај во Скопје е стара неколку децении, исто како и реалната работа на градските власти за неговата реализација. Пребарувањето низ архивите околу темата за трамвајот, „Мета.мк“ ја однесе назад во далечната 1986 година, кога започнала изработката на првичната документација за воведување на новото средство за масовен транспорт во Скопје. По 33 […]

По ратификацијата на Сенатот во САД, остануваат уште четири земји до членството во НАТО (инфографик)

октомври 22, 2019

Сенатот на Соединетите американски држави денеска го ратификуваше Протоколот за пристап на земјава во НАТО алијансата. Со тоа, преостанува ратификацијата да се заврши уште во четири членки на Сојузот за на крајот целата процедура да заврши со потпишување на Вашингтонскиот договор во Собранието на Северна Македонија. Гласањето во Сенатот на САД заврши со 92 гласа […]

Македонија на европското дно според бројот на автомобили „по глава на жител“ (инфографик)

октомври 21, 2019

Сообраќајните гужви се секојдневие во Скопје и во останатите градови од земјава, но дел од статистичките податоци покажуваат дека бројката на автомобили што се движат во нашите градови допрва ќе расте. Нашата земја се наоѓа на самото европско дно со едвај 195 патнички автомобили на секои 1.000 жители изброени во 2017 година. Наспроти пресметката на […]

Останува поделбата на „женски“ и „машки“ институции, иако во просек жените се побројни во јавниот сектор (инфографик)

септември 20, 2019

Македонија има доминантно женски јавен сектор, покажуваат податоците од регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Повеќе од половина од вработените во јавниот сектор се жени, но, во овие анализи на извештаите од регистарот на вработените во јавниот сектор не влегуваат вработените во АРМ, полицијата и Агенцијата за разузнавање. За нив, во регистарот […]

Администрацијата официјално пораснала за три отсто, но непозната е вкупната бројка на вработени во јавниот сектор (инфографик)

септември 3, 2019

Бројот на вработени во јавниот сектор, според македонската дефиниција, пораснал за 3.750 од 2015 до 2018 година, откако се води регистарот за вработените во државните установи и претпријатија. Но, покрај оваа бројка, која се пресметува со вкрстување на податоци од низа извори, во 2017 година за прв пат е објавено дека  над 10.200 лица се […]

Родителите сами плаќаат за тоалетна хартија и сапун за учениците (инфографик)

септември 2, 2019

Меѓу сите други работи за на училиште кои деновиве ги купуваат родителите пред почетокот на новата учебна година, тие мора да издвојат пари дури и за тоалетна хартија која нивните деца ќе ја користат додека трае наставата. Иако цената на оваа хартија не е висока, училиштата, односно општините кои се нивни основачи, не ја набавуваат. […]

Бројни предности од воведувањето воз до скопскиот аеродром, власта незаинтересирана (инфографик)

јули 30, 2019

Воведувањето директен воз од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би можело да го скрати времето на патување и да ги намали трошоците на патниците, а да го зголеми комфорот при патување на оваа релација. Наспроти ваквите предности, засега нема интерес кај локалните власти за воведување ваков воз. До Град Скопје доставивме прашања за тоа […]

„Метаморфозис“ го започна проектот „ДАТА“ за анализа на податоци за транспарентност и отчетност

април 3, 2018

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ го започна проектот D.A.T.A. – Data Analytics for Transparency and Accountability (Анализа на податоци за транспарентност и отчетност) во кој посебен тим за визуелизации на податоци работи директно со новинари и активисти од граѓанскиот сектор. Целта на проектот е да се влијае врз начинот на кој новинарите и граѓанските […]

Страна 1 од 1