понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: политики | 18 резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните покажаа дека не им е до славење

16 јули 2018

Народот го покажа своето незадоволство од капитулантскиот договор со Грција кој го потпиша министерот за надворешни работи Никола Димитров, под покровителство на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, велат од ВМРО-ДПМНЕ „Граѓаните покажаа дека не им е до славење. Не им е до славење поради прерано згаснатиот живот на Никола Саздовски. Поради фактот […]

Герберих на Заев му ја пренел поддршката од Германија за евроатлантските аспирации

16 април 2018

Премиерот Зоран Заев претпладнево се сретна со амбасадорот на Германија, Томас Герберих кој пренел поддршка од Германија за евроатлантските аспирации на државата. Герберих го информирал Заев дека Македонија ја има мнозинската поддршка и од германскиот Бундестаг за пристапување на земјава во Европската унија. „Амбасадорот Герберих соопшти дека пратениците од германскиот Бундестаг се вратиле во Германија со […]

Повеќе средства за поддршка и партнерски односи со младите во институциите

20 март 2018

Со младинските организации дискутиравме за напредокот на спроведувањето на младинските политики во рамките на ресорните институции, информираше денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на тематската владина седница посветена на младинските политики. Тој додаде дека ќе се организираат јавни дискусии за новиот Закон за млади, но и се донеле одлуки за формирање на важни работни групи. […]

Утре тематска владина седница посветена на младинските политики

19 март 2018

Владата утре ќе одржи 59. седница која ќе биде тематска, односно посветена на младински политики кои Владата ги имплементира и ќе ги имплементира во иднина. „На оваа седница и претходеа серија на отворени координативни средби, организирани и координирани од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Владата, кои преку средбите и широка јавна […]

Денеска јавна дискусија за транспарентноста на Владата

2 март 2018

Јавна дискусија за агендата за транспарентност на Владата ќе се одржи денеска во 12 часот, во медиа-центарот на Владата. На дискусијата ќе се обрати министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, а целта е, како што информираат од Владата, размена на идеи и мислења за актуелните политики и процеси поврзани со […]

Тевдовски: Ќе има промени во буџетското планирање, се подготвува нов предлог-закон

5 септември 2017

Министерството за финансии најави нов предлог-закон за буџет со кој ќе се воведуваат промени во среднорочното буџетско планирање, најави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека од овие промени треба да произлезе фискален совет кој ќе биде алатка за контрола на финансискиот систем. – Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра и потребно е да […]

Македонците пушат по 18-19 цигари дневно, четврти сме во светот

19 април 2017

Македонија е при врвот на листата од 184 земји според потрошувачката на цигари и се наоѓа на високото четврто место. Според табелата на „Википедија“, пред нас се само Црна Гора, Белорусија и Либан. Според слободна проценка на директорот на пазар за Македонија, Косово и за Албанија на „Империал тобако“, Кирил Величковски, пак, Македонците пушат по 18-19 […]

Креирајте вредности, не само профит, порача Дресен на првиот Форум на добри компании

2 декември 2016

Денеска се одржа првиот Форум на добри компании, на тема „Трансформација на општеството преку бизнисите“, на кој учествуваа претставници на компании, граѓански организации, носители и спроведувачи на политики. Гостин на форумот беше холандскиот претприемач и основачот на „Гуд хоспиталити груп“ (Good Hospitality Group), Мартин Дресен, кој го сподели искуството на создавањето „Добар хотел“, пловечка конструкција која […]

„Изборен компас Македонија“, алатка што покажува до која партија сте најблиску

30 ноември 2016

„Изборен компас Македонија“ е бесплатна интернет-алатка што им овозможува на гласачите да ги споредат своите со позициите на партиите што ќе учествуваат на престојните парламентарни избори. Граѓаните имаат можност да одговорат на серија искази по важни прашања за различни политики (економија, социјална политика, домашна политика, миграција, човекови права и меѓународни односи), кои се претходно одговорени и […]

СКСМ: Владата има голем удел во стопанството и тоа е проблематично

11 ноември 2016

Економските забелешки во извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ се совпаѓаат со ставовите на Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСМ) за економските политики на државата, истакна директорот на оваа комора, Фатмир Бикиќи. Тој потенцираше дека постојано укажуваат на проблемите кои се нотирани во овој извештај и потребно е сите забелешки сериозно да се земат […]

Со проектот „Гаранција за млади“ младите нема да си заминуваат од државата, најавува СДСМ

17 септември 2016

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска во Кисела Вода изјави дека борбата на опозицијата е младите луѓе да останат во Македонија. Од тие причини го создале проектот „Гаранција за млади“. „Проектот ,,Гаранција за млади“ ќе значи дека државата ќе гарантира на сите млади граѓани во Македонија дека веднаш по завршувањето на образованието во рок од […]

СДСМ: Македонија е 13. по беда во светот oд мизерните политики на Груевски

9 февруари 2016

„Во Македонија, приказните на Груевски за нови вработувања и за инвестиции се чиста лага, а потврда за тоа дојде и од светски познатиот институт „Като“, кој ја смести Македонија на 13. место по мизерија и по беда во светот. Македонија е 5. земја по мизерија и по беда во Европа“, се вели во соопштението на СДСМ. […]

СДСМ: Јавниот долг на историски највиско ниво

29 јануари 2016

Опозицискиот СДСМ реагира дека пробиена е границата од повеќе од 4 милијарди евра јавен долг и сега тој изнесува 4,224 милијарди евра, а за тоа, како што велат од партијата, „виновни се расипничките политики на Никола Груевски и на „фамилијата“ во изминатите години“. – Во последните 90 дена од 2015 година, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните на Македонија со повеќе […]

Богов: Партиите да не ги мешаат банките во своите политички битки

1 декември 2015

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, апелира политичките партии да не ги мешаат банките во своите политички битки. – Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот […]

Страна 1 од 1