fbpx
Таг: напади

таг: напади

Во бомбашки напади во Пакистан, 18 загинати и 92 повредени лица

Најмалку 18 лица загинаа, а 92 се повредени во два одвоени напади во Пакистан, кои се случија во период од неколку часа. Дванаесет лица денеска загинаа, а 52 се повредени откако две бомби експлодираа пред зграда на окружниот суд на северозападот на Пакистан, рече претставник на спасувачките служби. - Досега пронајдовме 12 тела на адвокати, полицајци и на цивили. Покрај тоа,...

Шест загинати и 13 повредени во две експлозии во Авганистан

Шест лица загинаа во експлозија во јужната авганистанска провинција Хелманд, каде во последните неколку недели се водат тешки борби меѓу талибанците и безбедносните сили, соопшти портпаролот на покраинскиот гувернер, Омер Звак. Пет лица, од кои три жени и две деца, се ранети во нападот, а сите се од исто семејство. Во друга експлозија, која се случила доцна синоќа, ранети се осум...

Ница забрани носење на буркини

Ница се приклучи кон другите француски летувалишта и забрани носење на буркини, муслимански костим за капење, кој целосно го покрива женското тело. Како што се наведува во соопштението испратено од градските власти, „градот забранува буркини, бидејќи отворено се манифестира припадност кон одредена религија во време кога Франција е на мета на терористички напади,“ јавуваат светските агенции. До сега, 15 градови во Франција...

Франција се помалку ја посетуваат странски туристи

Бројот на странски туристи во Франција значително се намалил во вториот квартал од годината, покажуваат најновите податоци кои ги објави француската влада. Како причина за тоа се наведуваат протестите, штрајковите и лошите временски услови. Бројот на ноќевања на странски туристи во периодот од април до јуни се намалил за 8,5 проценти во однос на истиот период лани. Забележан е пад од 2,9...

Русија ја отфрла одговорноста за повредувањето на детето од Алепо

Руското министерство за одбрана денеска отфрли каква било одговорност за нападите на предградие на Алепо, во кој е повредено дете, чие спасување е снимено и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Фотографијата на која петгодишниот Омран Дакнеш мирно седи во возило на итната помош, облеан во крв и прашина и чека помош е една од потсетниците за страдањата на сирискиот...

Приврзаници на ИД тврдат: Нападот во Ница е одмазда за Абу Омар ал Шишани

Исламска држава слави за терористичкиот напад во Ница како одмазда за смртта на Абу Омар ал Шишани, таканаречениот министер за војна. Најмалку 84 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени кога напаѓач со камион влета во маса луѓе додека го гледале огнометот на шеталиштето во Ница. „Франција и Европа нема да бидат сигурни сè додека ние не живееме во сигурност...

Италија и Шпанија ја зголемуваат контролата на границите со Франција

Италија и Шпанија ќе ја зајакнат контролата на границите со Франција по вчерашниот напад во Ница, во кој 84 лица загинаа, а неколку десетици се повредени, откако возач на камион, полн со оружје и со гранати, влета на шеталиште. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, соопшти дека Италија ќе ги зголеми контролите на трите гранични премини кон Франција и...

Нови апсења во Турција поради нападите на аеродромот „Ататурк“

Турската полиција уапси и поднесе обвинение против нови седум лица осомничени во врска со нападите на аеродромот во Истанбул, во кој беа убиени 47 луѓе, јавуваат турските агенции. Со ова, вкупниот број на обвинети лица поврзани со овој напад се искачи на 37. Според властите, се работи за 22 странци и за 15 Турци кои се осомничени за членство во вооружена...

Обвиненија за 13 осомничени за нападот во Истанбул

Турските власти поднесоа обвиненија против 13 лица поради сомневање дека се вмешани во самоубиствениот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Десет од осомничените, како што јавуваат турските медиуми, се државјани на Турција. Осомничените се наоѓаат во полициски притвор и се товарат дека припаѓаат на терористичка организација, како и за убиство и за загрозување на единството на државата. Турскиот премиер Бинали Јилдирим изнесе...

Во две експлозии во Багдад загинаа 80 лица

Во две експлозии во Багдад загинаа 80, а ранети се 160 лица, јавува „Раша тудеј“. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем. Портпаролот на ирачката полиција, Саад Ман, потврдил дека првата експлозија била предизвикана со детонација од автомобил бомба. И двете експлозии се случиле во области каде што има трговски центри, а во многу од продавниците избил пожар. Некои...

Еден од напаѓачите во Истанбул бил азилант во Австрија

Чеченецот Ахмед Чатаев, кој е еден од бомбашите самоубијци што усмртија 42 и повредија 239 лица на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, од 2003 година како политички азилант живее во Австрија, објави виенскиот весник „Пресе“. Весникот наведува дека Чатаев во 2012 година заминал за Сирија, каде се бори на страна на џихадистите. Портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи соопшти дека турските власти веќе...

Ликвидирани 250 борци на ИД во Фалуџа

Најмалку 250 припадници на Исламска држава се убиени во синоќешните воздушни напади на коалицијата предводена од САД, извршени во областа на Фалуџа. Официјални американски воени претставници потврдија дека во нападите се уништени повеќе од 40 воени возила, додека според ирачки извори, уништени се 250 возила на ИД и тоа во моментот кога ја напуштале Фалуџа.

АИ: Германија не ги штити доволно бегалските центри

Невладината организација за човекови права „Амнести интернешнл“ (АИ) ја повика Германија подобро да ги заштити центрите каде што се згрижени мигрантите, по низата расистички напади на тие локации. Бројот на злосторства и на напади врз мигрантите значително се зголемил откако минатата година во Германија пристигнаа повеќе од еден милион азиланти, главно од Блискиот Исток и од Африка. Лани биле пријавени 923...

Оланд: Постојат закани за напади за време на Европско првенство во фудбал

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, призна дека постои ризик од напади за време на Европското првенство во фудбал, но додаде дека Франција не смее да биде заплашена. - Заканите ќе траат некое време. Но, ние мора да направиме сè за „Евро 2016“ да биде успешно – изјавил Оланд за радио „Франс прес“, а пренесува АФП. Европското првенство во фудбал ќе се одржи...

Најмалку 20 загинати во напади на трговски центри во Багдад

Најмалку 20 луѓе се убиени во напади на екстремистите извршени денеска во неколку трговски центри во Багдад и околината, соопштија ирачките власти. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека зад него стојат припадници на Исламска држава (ИД). Ирачката војска утрово соопшти дека нивните елитни единици влегле во градот Фалуџа, кој се наоѓа на околу 50 километри...

Најмалку 104 исламисти се убиени во воздушните напади на Сирија

Најмалку 104 екстремисти на Исламска држава се убиени во воздушните напади од страна на коалицијата предводена од САД и турските артилериски напади во Сирија, соопшти денеска државната новинска агенција „Анадолија“. Во соопштението се наведува дека нападите се случиле доцна синоќе, неколку часа откако испалени ракети од Сирија го погодиле југот на Турција и раниле пет лица. Во воздушните и артилериските напади...

Убиени најмалку 27 припадници на ИД во Алепо

Најмалку 27 припадници на Исламска држава (ИД) биле убиени во операција на турската војска и на силите на меѓународната коалиција предводена од САД во северниот дел на сирискиот град Алепо, кој се наоѓа во близина на границата со Турција, јавуваат светските агенции. Во нападите, според информациите, биле уништени пет утврдени позиции на милитантите на ИД и две артилериски бази во...

Убиени 16 милитанти на североистокот на Сирија

Најмалку 16 милитанти, меѓу кои и еден висок претставник на сирискиот разгранок на Ал каеда, фронтот Ал нусра, се убиени во воздушните напади на североистокот на Сирија, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Опсерваторијата наведе дека се повредени повеќе од 60 лица во нападот на воениот аеродром „Абу Духир“, во провинцијата Иблиб, и додаде дека...

Најмалку 22 лица загинаа во напади со автомобил бомба во Багдад

Најмалку 22 лица загинаа во два нови напади со автомобил бомба во Багдад, соопшти ирачката полиција. Првиот автомобил експлодирал на влезот од квартот Хазимија. Во овој напад загинаа 15 лица, а 33 се повредени. Втората експлозија, експлодира во квартот Џамеја, западен Багдад. Во овој напад загинале седум лица, а 20 се повредени. За нападите сè уште никој не презел одговорност.

Во Франција трипати повеќе напади на муслимани

Бројот на нападите на муслимани во Франција се зголемил за трипати во 2015 година, кога џихадистите во таа земја изведоа два напади, соопшти државната комисија за човекови права. Минатата година е забележан пораст на бројот на пријави поради закани и расистички, антисемитистички и антимуслимански напади од 1.662 дела во 2014 година, на 2.034 во 2015 година. Најмногу се зголемил бројот на пријави...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...