четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: лажна реклама | 9 резултати

Доктор Сашко Кедев злоупотребен за реклама на чајот Хипертеа

21 јули 2024

Во објавата чајот невистинито се прикажува како „лек препорачан од доктор Сашко Кедев“. Хипертеа е билна мешавина од пет тревки и не е лек за хипертензија, ниту, пак, е регулиран со закон донесен во Собранието специјално за него. Станува збор за производ регулиран во категоријата храна, за кој е надлежна Агенцијата за храна и ветеринарство, […]

И Заев се најде во лажна реклама за лек за хипертензија

20 јули 2024

Објавата која го злоупотребува името на поранешниот премиер, води до лажна страница од Министерството за здравство и нуди попуст за  наводен лек за хипертензија кој „лечи за три дена“. Всушност, се работи за чај, за кој во рекламата само пишува дека е мешавина од билки, и толку. Не се посочува конкретно какви растенија, или екстракти […]

Лажна реклама: ДМ продавниците не нудат „Диор“ парфеми за 125 денари

14 јули 2024

Лажна Фејсбук страница се претставува како официјален канал на продавниците ДМ и нуди „Диор“ парфеми за 125 денари. Но, вистинската цел на објавата е да ги измами следбениците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа да ги злоупотреби. ДМ преку нивната официјална страница ги информираше корисниците дека информацијата за доделување […]

Со измислени личности на интернет се рекламира препарат за драстично намалување на килограмите

14 април 2024

Во објавата се нуди наводен продукт за брзо слабеење и тоа преку неетички, лажен маркетинг, со користење на лажни фотографии. На една од фотографиите се тврди дека е прикажана извесна Надежда Начаева, поранешна вработена во македонскиот ланец на супермаркети КАМ. Но, супермаркетот во којшто е сликана оваа жена како работи на каса, воопшто не наликува […]

Фабрикувано видео: Жан Митрев не препорачува магичен лек за враќање на видот

1 ноември 2023

Доктор Жан Митрев не е специјалист за офталмологија, туку кардиохирург и не препорачува никаква состојка за стопроцентно враќање на видот, како што невистинито се претставува во видеото од оваа манипулативна објава. Станува збор за видео кое е изменето (altered content) во делот на синхронизацијата, со цел да се добие лажна претстава дека реномиран лекар препорачува […]

Страна 1 од 1