fbpx
Таг: исполнето ветување

таг: исполнето ветување

Мета факт: Иако со проблеми, ветувањето за бесплатен интернет во училиштата во Ѓорче Петров е исполнето

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2021, на страна 14, градоначалникот Александар Стојкоски вети дека ќе обезбеди бесплатен интернет во сите основни училишта во општина Ѓорче Петров. Проверката на Мета.мк покажа дека речиси три години по доаѓањето на оваа локална власт, проектот за обезбедување бесплатен интернет во основните училишта во општина Ѓорче Петров има различни резултати во различни...

Мета факт: Кисела Вода сепак доби втора мерна станица за квалитет на воздухот

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во ноември 2021 година најави дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Иако две години подоцна, единствено беше функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода, градоначалникот Ѓорѓиевски неодамна, на 29 февруари 2024, го исполни ова ветување и...

Изградена е спортска сала во училиштето во Ваташа

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев:   На крајот на септември 2021 година, во кампањата за локалните избори, градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев  на предизборен собир во Ваташа барајќи ја довербата за нов мандат, меѓу другото, вети и доизградба на спортската сала во ООУ „Димката Ангелов...

Мета факт: Исполнето е ветувањето за постепена забрана на пластичните кеси

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа на владата во периодот 2020-2024 година вети дека до 2024 година постепено ќе ја забрани употребата на пластични кеси во малопродажба во земјава. Ова владино ветување е исполнето. Имено, на 1 декември 2021 година стапи на сила одлуката за забрана за пуштање на пластични кеси на пазарот во земјава. Како што се...

Вистиномер: Жителите на селото Дрвош добија техничка вода од браната Чаушица

„Мета“ ја пренесува проверката направена од „Вистиномер“ на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Босилово, Зоран Зимбаков: ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Едно од ветувањата на градоначалникот на Општина Босилово, Зоран Зимбаков  во изборната кампања во 2017 година беше обезбедување на техничка вода за жителите на населеното место Дрвош. Ова негово изборно ветување го оценуваме како исполнето. Во август годинава е изграден и ставен во функција хидросистемот на браната...

Вистиномер: Крајот од мандатот – каква е судбината на 20-те најважни ветувања на Шилегов

Во кампањата за локалните избори во 2017 година и на почетокот од градоначалничката функција Шилегов најави амбициозни проекти. Некои од ветените проекти се исполнети – главно изградба и реконструкција на сообраќајници, но дел се покажаа преоптимистички за изведување, а имаше и такви кои беа нереални од кои Шилегов се откажа, пишува „Вистиномер“ во анализата, од која подолу пренесуваме дел. Тука...

Вистиномер: Изградена филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково

„Мета“ ја пренесува анализата на „Вистиномер“ во однос на ветувањето за изградба на филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково.   OБРАЗЛОЖЕНИЕ: Во кампањата за локалните избори во 2017 година, поточно во текот на предизворната дебата на МРТВ 2,  граданачалникот на Општина Ликово, Еркан Арифи  вети дека ќе биде изградена филтер станица за прочистување на водата со што целосно ќе се...

Вистиномер: Реконструирани улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“ во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески пролетта 2019 година во кампањата за предвремените избори во оваа општина, вети реконструкција и уредување на неколку клучни сообраќајници во Охрид, меѓу кои и улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“, пишува „Вистиномер“ во својата оценка за изборното ветување на сегашниот градоначалник. За прв пат после децении ќе биде уреден влезот на Охрид од Битола, ќе...

Вистиномер: Училиштето „Фаик Коница“ во Доброште доби нова спортска сала

Ветување: Изградба на спортска сала во село Доброште. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за изградба на спортска сала во село Доброште, е исполнето, пишува Вистиномер.мк. Ова ветување на Асани е дел од проектот за изградба на спортски сали во Општина Теарце, дадено во неговата програма „За општината што ја сакаме” (стр. 4). На 6 март медиумите информираа за свеченото...

Вистиномер: Направена е реконструкција на источниот влез во Скопје

Ветување: Проширување на „Александар Македонски“   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за проширување на булеварот „Александар Македонски“, дадено во предизборието за локалните избори во 2017 година, е исполнето, пишува Вистиномер.мк. Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма „Живот во Скопје за сите!“ (стр.19),  во поглавјето „Инфраструктура“ меѓу предлозите за нови сообраќајни решенија. Реконструкција на оваа сообраќајница, од раскрсницата во Автокоманда до...

Вистиномер: Основното училиште во Групчин доби енергетска фасада и соларни панели

Ветување: Реновирање на основното училиште во село Групчин ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во кампањата за локалните избори, меѓу другото, вети и реновирање на основното училиште во село Групчин. Ова ветувaње на Сејдиу, дадено во неговата изборна програма, во делот „Образование“ – во рамки на проектот за реновирање на основните училишта во Општина Желино (стр.3), е исполнето, пишува Вистиномер.мк. Основното училиште во...

Вистиномер: Булеварот „Никола Карев“ доби четири ленти од Бит-пазар до Момин Поток

Ветување: Проширување на булеварот „Никола Карев“   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за локалните избори (октомври 2017г.), на кои како кандидат на СДСМ ја бараше довербата за градоначалничката функција во главниот град, вети проширување на  булеварот „Никола Карев “. Ова ветување на Шилегов, наведено во неговата изборната програма, „Живот во Скопје за сите!“,  во рамките на проектот:  „Нови сообраќајни решенија го решаваме градскиот метеж!“ (стр.19), е исполнето. Реконструкцијата...

Вистиномер: Комплетно реконструирана детската градинка во Вевчани

Ветување: Реконструкција и осовременување на детската градинка во Вевчани. „Во дворот на детската градинка ќе изградиме ново отворено игралиште со најмодерни реквизити. Детската градинка ќе ја реконструираме и опремиме со најмодерни соодветни помагала и играчки, а со цел подобрување на воспитната и образовната компонента во наставата“. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски за реконструкција на детската градинка е исполнето. Детската градинка...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...