fbpx
Таг: иницијатива

таг: иницијатива

Јанева поднесе иницијатива за донесување закон за јавнообвинителска служба

Специјалното јавно обвинителство попладнево соопшти дека до Владата и до сите пратеници од Собранието поднело иницијатива за донесување закон за јавнообвинителска служба. „Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ја известува јавноста дека со оглед на фактот што до денеска не добивме одговор од надлежните инстутуции во врска со законот за...

Прв дипломатски форум на Централно-европската иницијатива во Скопје

Прв дипломатски форум на Централно-европската иницијатива ќе се одржи денеска во Скопје, во рамките на македонското претседавање со ЦЕИ. Како што соопшти македонското МНР, на форумот ќе се обрати министерот за надворешни работи, Никола Попоски, како и директорот на Дипломатската академија при МНР, Аделина Марку, и заменикот на генералниот секретар на Централната европска иницијатива, Ерик Черновиц. На синоќешното свечено отворање се...

Тодор Петров бара процена за уставноста на Специјалното обвинителство

Уставниот суд на Република Македонија потврди дека до нив стигнала нова иницијатива за оцена на уставноста на Специјалното јавно обвинителство, која ја поднел претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, објави „Алсат М“. Со тоа, во Уставниот суд сега има две барања што можат да ја турнат Катица Јанева од неодамна стекната функција. Таква иницијатива веќе поднесе адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе, кој,...

Кривопаланчани утре ќе протестираат против изградба на џамија во нивниот град

Кривопаланчани утре ќе излезат на мирен протест против „исламизација на Крива Паланка“. Протестот ќе се одржи во 13.30 часот на Соларски мост. На „Фејбук“ се појави плакат со кој се повикуваат жителите да излезат на протест. Граѓаните собираа и потписи за да покажат дека се против изградбата на џамија во нивниот град. Градоначалникот на Општината, Арсенчо Алексов, за „Мета“ изјави дека пред Општината...

Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспорување на законот за хонорарци

Уставниот суд ја отфрли иницијативата со коjа се оспорија законските решенија за плаќање задолжителни придонеси за хонорарците бидејќи оспорените одредби повеќе не важат. Претставката до Уставен суд беше поднесена од 7.000 граѓани, за утврдување на неуставност на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарците. Владата, пак, законот за придонеси за хонорарци го укина во јули. Со неговото стапување на сила од 1 јануари 2015...

Законот за специјален обвинител на Уставен суд?

Уставниот суд на Република Македонија примил иницијатива за оцена на уставноста на законот за специјално обвинителство, дознава „Алсат М“ од неофицијални извори. Иницијатавата е стигната или денеска или во претходните неколку дена. Тоа значи дека, барем потенцијално, се отвора можност делови или целиот закон со кој беше избрана Катица Јанева да биде прогласен за неуставен, а со тоа да стане неуставно и...

Неуспешна иницијативата за спас на зеленилото во Карпош 4

Граѓанската иницијатива за спас на зеленилото во населбата Карпош 4 не успеа да собере доволно потписи за запирање на процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Карпош 4, со кој е предвидено да се изградат станбени објекти и паркиралишта на местото на дрвјата и на зеленилото. На иницијативата се потпишале 2.600 жители, а за успешна акција потребни беа...

Иницијативата за спас на зеленилото во Карпош 4 досега собра 2.300 потписи

На последниот ден од рокот за потпишување на иницијативата за спас на зеленилото во населбата Карпош 4, до 10 часот утринава, потпишани се 2.300 жители на Карпош. За акцијата да биде успешна, потребно е до крајот на денот да се потпишат вкупно 5.900 граѓани. На социјалните мрежи се појавија информации за постоење на два списоци, но вработени во Државната изборна комисија...

СДСМ: Почна сечата на дрвја во Карпош

„На ова место каде што се наоѓаме, веќе е пресечено првото дрво. Ќе биде порамнет со земја целиот парк. Тука Стевчо Јакомовски и ВМРО-ДПМНЕ ќе градат катна гаража. Ова нема да биде единствениот уништен парк во општина Карпош, туку еден од неколкуте кои ќе исчезнат, за Стевчо Јакимовски и партнерот Груевски да градат гаражи. Тоа е предвидено во новиот...

„Наставнички пленум“ побара Уставниот суд да го стопира екстерното

„Наставнички пленум“ до Уставниот суд поднесе иницијатива за спорните закони за основното и за средното образование, на која се потпишаа повеќе од 1.000 наставници. Од пленумот велат дека најголемиот дел од оспорените одредби се однесуваат на ектерното тестирање. - Она што би било најдобро сега да се направи е Уставниот суд да донесе привремена мерка, со која ќе ја стопира примената на законот...

„Ајде“ поднесе повеќе од 6.000 претставки до Уставен суд

Повеќе стотина граѓани денеска се собраа на протестен марш од Министерството за финансии до Уставниот суд, каде поднесоа повеќе од 6.000 претставки против законите со кои на хонорарците им се наметнува да плаќаат придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување. - Денеска сме дојдени со оваа вага, која би требало да ја означи правдата во Македонија. На оваа вага стои...

Референдум за изгледот на ГТЦ

Референдум кој ќе покаже дали граѓаните сакаат да се менува изгледот на ГТЦ ќе спроведе градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“. Иницијатавата за референдум ќе биде промовирана денеска, во 12 часот, пред влезот на ГТЦ. „Референдумот ќе биде во согласност со Законот за локална самоуправа. За него ќе треба одлука да донесе и...

И средношколците формираат свој пленум

Сплотено против реформите кои нè направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно затоа што тишината не е решение! Поттикнати од идејата за основање младинско тело кое на едно место ќе ги обедини сите средношколци од Република Македонија, членовите на Иницијативата за основање Средношколски пленум ја информираат јавноста, средношколците, граѓаните, дека во тек се подготовки за основање „Средношколски пленум“, пишува на...

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Жерновски за спорниот ДУП

Уставните судии ја отфрлија иницијативата поднесена од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во која се оспорува усвојувањето на три детални урбанистички планови. Градоначалникот Жерновски ги оспорил плановите затоа што тие биле донесени со недоволен број гласови во општинскиот совет. Од Уставниот суд посочуваат дека надзорот врз одлуките на општините го врши Државниот инспекторат за локална самоуправа, а Уставниот суд не...

„Студентски пленум“ в среда пред платото на УКИМ

Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница објави дека четвртиот по ред собир на студентите ќе се одржи в среда, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, пренесува „Радио МОФ“. Студентите почнаа да организираат собири пред повеќе од две недели по најавите од Министерството за образование за воведување на екстерно тестирање во високото образование. Ставот на „Студентски пленум“...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...