Референдум кој ќе покаже дали граѓаните сакаат да се менува изгледот на ГТЦ ќе спроведе градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“. Иницијатавата за референдум ќе биде промовирана денеска, во 12 часот, пред влезот на ГТЦ.
„Референдумот ќе биде во согласност со Законот за локална самоуправа. За него ќе треба одлука да донесе и Советот, но и во случај да нема одлука на Советот, референдум за ГТЦ ќе има. Работиме на наоѓање и други начини за реализација на референдумот“, велат од Општина Центар.