fbpx
Таг: иницијатива

таг: иницијатива

Уставен суд в среда ќе расправа дали е уставно УБК да прислушува преку телеком-операторите

Уставниот суд на наредната седница закажана за среда, 29 март, ќе ја разгледува иницијативата за уставноста и законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Со овој член донесен со измените на Законот во 2014 година, на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите...

СДСМ ја поднесе иницијативата и го повика Вељаноски веднаш да го свика Собранието

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски, денеска до Собранието на Република Македонија поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница, потпишана од 67 пратеници. - Со оваа иницијатива повеќе нема дилеми околу обезбедување на парламентарно мнозинство. Иницијативата е потпишана од 67 пратеници и очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да закаже продолжување на конститутивната седница за Собранието да може повторно да...

СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за свикување на Собранието

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во 10.30 часот ќе поднесе во Собранието на Република Македонија иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која, според најавите, треба да биде избран претседател на законодавниот дом, соопштија од СДСМ. Веднаш по поднесувањето на иницијативата, во прес-центарот на Собранието, изјава за медиумите ќе даде пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Како...

СОС: Нерегистрирана NGO, GONGO или PONGO?

„Стоп операција Сорос“ (СОС), претставена на јавноста на 17 јануари годинава, чии единствени декларирани припадници засега се историчарот Никола Србов, кој честопати гостува во неколку медиуми како „политички аналитичар“, и новинарите Цветин Чилиманов и Ненад Мирчевски, во медиумите доби различни описи. Од една национална телевизија, на пример, тројцата беа оквалификувани како „иницијативен одбор за формирање граѓанско здружение, „Стоп операција...

Ќе ги откажат ли општините прославите за да ги донираат парите во хумани цели

Иницијативата од Србија за откажување на новогодишните прослави на градските плоштади за парите да се пренаменат за хуманитарни цели, почна да се прифаќа и во Македонија. Вработените во општинската администрација на Велес и градоначалникот Славчо Чадиев одлучиле парите од општинскиот буџет што биле предвидени за организирање на новогодишна прослава, да ги донираат во хуманитарни цели. Две илјади евра ќе им се...

„Еко герила“ ги повика партиите да потпишат иницијатива за заштита на животната средина

Движењето „Еко герила“ упати повик до политичките партии, кои имаат кандидати за пратеници во шестата изборана единица, да ја потпишат иницијативата и да се обврзат дека во првите шест месеци од нивниот мандат во Собранието ќе работат на три главни точки кои се однесуваат на заштитата и на унапредувањето на животната средина во градот Тетово и во Полошкиот Регион. „Проблемите...

Савески: Левица ќе оди на избори сама оти сите од опозицијата нè игнорираа

Партијата Левица на централен комитет донела одлука самостојно да настапи на предвремените парламентарни избори на 11 декември откако нивната иницијатива за обединет настап на сите антирежимски партии била целосно игнорирана од опозицијата, потврди за „Мета“, Здравко Савески, член на президиумот на Левица. - На централниот комитет, кој се одржа во неделата, на 16 октомври, по гласањето на локалните разграноци, донесовме...

Кој е Никола Ивановски, новиот и „најбрзиот“ претседател на Уставниот суд во историјата

Никола Ивановски е новиот претседател на Уставниот суд, кој денеска на колегиумот на судот е избран со двотретинско мнозинство. Тој ја наследи Елена Гошева, чиј мандат завршува на 1 ноември. Ивановски, кој важеше за фаворит на Гошева, за уставен судија е избран во 2012 година. Новиот претседател на Уставниот суд, Никола Ивановски, пред да стане член на судот (1 јуни 2012 година), својата...

СДСМ: Вељаноски ја разобличи намерата на ВМРО-ДПМНЕ да избега од избори

„Трајко Вељаноски, со едно соопштение, ја разобличи провидната намера на ВМРО-ДПМНЕ да го избегне распуштањето на Собранието и да избега од избори на 11 декември. Пратеничката група на СДСМ и коалиционите партнери ќе присуствуваат и ќе гласаат за распуштање на Собранието денеска, во термин во кој претседателот на Собранието ќе ја закаже седницата“, пишува во реакцијата на СДСМ, на...

Уставен суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата од претседателот Ѓорге Иванов, затоа што тие повеќе не постојат во правниот поредок и не можат да бидат да бидат оценувани, објави „Академик“. Известителот за иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата, уставната судијка Гзиме Старова, смета дека Уставниот суд треба да ја отфрли иницијативата. „Во овој случај, имајќи ги предвид...

НДМ ја оспори уставноста на изборот на членови на ад хок телото за медиуми

Политичката партија Народно движење за Македонија (НДМ) денеска до Уставниот суд поднела иницијатива за оценување на уставноста на изборот на членовите на ад хок телото за медиуми. Злате Војновски, член на извршниот комитет на НДМ, денеска на прес-конференција соопшти дека партијата смета оти одредбата од Изборниот законик за избор на четири члена на ад хок телото за медиуми по партиска...

СДСМ бара седница на Собранието и предложи мерки за помош на настраданите во поплавите

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата денеска го повикаа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да свика итна и неодложна седница на која ќе се расправа за состојбата во подрачјата погодени во поплавите. Пратеникот Петре Шилегов, рече дека неговата пратеничка група предлага конкретни мерки и заклучоци, со кои ќе им се помогне на граѓаните од поплавените подрачја. Дел од мерките се Владата...

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Тодор Петров за Изборниот законик

Уставниот суд на денешната седница не ја прифати и не поведе постапка по иницијативата за утврдување на уставноста и на законитоста на дел од измените на Изборниот законик, донесени во ноември минатата година, а во согласност со Договорот од Пржино. Иницијативата беше поднесена од претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, кон крајот на минатата година, кратко по донесувањето...

Бачев побара од Собранието да распише референдум за членството на Македонија во ЕУ

Партијата Народно движење за Македонија (НДМ) денеска до Собранието ја поднесе претходно најавената иницијатива за распишување „консултативен референдум за членство на Македонија во Европската Унија“. Како што посочи претседателот на НДМ, Јанко Бачев, иницијативата што ја поднесуваат опфаќа две фази, односно Собранието само да распише референдум според член 20 од Законот за референдум, а доколку не го стори тоа, партијата...

Уставниот суд повторно ја одложи расправата за крстот во Бутел

Уставниот суд повторно ја одложи расправата по иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во општина Бутел, која предизвика тензии кон крајот на февруари и на почетокот на март годинава. Предлогот за одложување на расправата за некоја од следните седници била на судијата Сали Мурати, кој не присуствувал на денешната седница. Уставните...

Нема импичмент за претседателот Иванов

Со 35 гласа „за“ и со 47 „против“, без воздржани, отфрлен е предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, за кој пратениците расправаа во пет продолженија. За предлогот да биде прифатен и да се поведе постапка за утврдување одговорност на претседателот, потребно беше двотретинско мнозинство, односно 82 од 123 пратеници да гласаат за разрешување на Иванов...

Уставен суд има уште четири дена да се произнесе за СЈО, порача „Шарената револуција“

Остануваат уште четири дена, порача „Шарената револуција“ со натпис закачен на фасада во централното градско подрачје. Како што напишаа на нивната страница на „Фејсбук“, на Уставниот суд му остануваат уште четири дена да се произнесе по иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство. „Непочитуван Уставен суд (или како и да те нарекуваат), остануваат уште четири денови до рокот што ти го...

„Шарена револуција“: Утре протест, в четврток блокади на три скопски мостови

Граѓанското движење „Шарена револуција“ повика на протест утре, во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство. На настанот организиран на „Фејсбук“, пишува дека СЈО сè уште е под закана, а не е престанат ни прогонот на демонстрантите. „Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен...

Шилегов: Уставен суд да се стави во одбрана на правото и на правдата

Уставниот суд утре има шанса да покаже дека правото и правдата може да им бидат поважни од исполнувањето на желбите на Никола Груевски, рече денеска на прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - На седницата закажана за утре, Уставниот суд има можност да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство. Одговорноста за владеењето...

Одбројувањето не го премислува Уставниот суд за СЈО

Уставните судии речиси со сигурност на утрешната седница нема да ја разгледуваат иницијативата за уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство, што е едно од клучните барања на граѓаните, организирани околу граѓанската иницијатива „Протестирам“ и „Шарената револуција“. Од Уставниот суд за „Мета“ велат дека нема да има промена на дневниот ред на седницата закажана за утре, во 9 часот, објавен минатата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...