fbpx
Таг: Hubmk

таг: hubmk

Стојановски: Разни актери се обидуваат да ја поткопаат демократијата со дезинформации

На годинешната конференција „Дисикон - Интегритетот на информациите“, директорот за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски зборуваше за странските интервенции во поткопувањето на демократијата, како и за работата на Фондацијата Метаморфозис во борбата против дезинформациите, пишува Порталб.мк. Стојановски потврди дека интегритетот на информациите и изборниот интегритет се меѓусебно поврзани и дека без силно новинарство не може...

Вистиномер: Не е точно дека на 9 април годинава во трговски центар во Киев се појавил знакот на Хитлер

Снимката е веродостојна, но е стара повеќе од три години. Направена е на 16 февруари 2019 година и потекнува од трговскиот центар „Хородок“ во Киев. Лед светилките на скалилата неколку минути на овој датум биле осветлени со огромен кукаст крст, но не од страна на трговскиот центар, туку како последица на хакерски напад, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Вистиномер: Ако покрај телата на цивилите во Буча немало крв, тоа не значи дека немало и злосторства

Сателитските снимки од теренот, кои беа објавени од страна на медиумите, покажуваат дека некои од телата на убиените во Буча биле во иста позиција со недели, што значи дека дури и да имало крв, таа веќе би била отстранета од атмосферски настани во моментот кога се направени фотографиите и кога новинарите влегле во Буча, предградие на Киев во Украина,...

Вистиномер: На видеата од Буча, Украина, нема исценирани тела кои мрдаат

На споделуваното видео, наместо „труп кој ја помрднува раката”, се гледа дамка на стаклото на автомобилот. Раката е непомрдната исто како и починатото тело на асфалтот, меѓутоа дамката на стаклото се помрднува, во исто време како што се движи и автомобилот. Истото објаснување го објавија и проверувачите на факти на Би Би Си, а со слична анализа излезе и...

Видео без грам контекст, пренесено од македонските медиуми, душа дало за фрлање магла врз војната во Украина

На видеото се гледа како група украински војници вадат луѓе од возилата, ги удираат по глава и им ги врзуваат рацете. За точната локација се вели дека се претпоставува оти станува збор за Днипро. Информациите се преземени од социјалните мрежи и од Телеграм, меѓутоа во целост изостанува контекстот. Нема точен податок ниту кога е снимено видеото, но симптоматично e...

„Дојче веле“ изнесува докази против оградувањето на Русија од одговорност за масакрот во Буча

Сликите на убиени цивили во Буча го шокираа светот. Руската влада и проруски профили на социјалните мрежи тврдат: сѐ е инсценирано, некои од труповите се движат. Нашата проверка на факти докажува: тоа не е точно, пишува „Дојче веле“. Подолу го пренесуваме текстот за проверката на факти: Грозоморни слики го обиколуваат светот од изминатиот викенд: улица во Буча, близу Киев, е „посеана“...

Контраспин: Лавров во уште една спин „офанзива“ за оправдување на руската агресија врз Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за четири српски медиуми настапи со познатите дезинформациски наративи за војната во Украина, употребувајќи ја познатата фраза „специјална воена операција“, чија цел е ослободување на угнетеното руско население во Донбас и Луганск. Лавров го повтори ставот  дека влегувањето на руската војска во Украина треба да донесе „демилитаризација и денацификација на...

Ширење на бранот од лаги – воена инвазија и инвазија од дезинформации

„Вистиномер“ пишува за состoјбата со дезинформациите во Северна Македонија во двете недели пред и по почетокот на руската инвазија врз Украина. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во текот на февруари, во периодот пред инвазијата на Русија врз Украина, кај редица медиуми во Северна Македонија преовладуваше збунетост за тоа колку сериозно треба да се земаат најавите за агресија на Руската...

Контраспин: Антисемитска литература нема само во Украина и таа не може да е оправдание за руската агресија

Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија на 29 март објави пост на нивната официјална страница на Фејсбук, во којшто го објаснува постоењето на нацизмот и неонацизмот во Украина во 2021-2022 година. На почетокот на јануари 2022 година, збир на нацистичка и антисемитска литература‚ составен од книгите „Мојата борба“ од Адолф Хитлер, „Меѓународно еврејство“ од Хенри Форд и „Луѓе-стаорци“ од...

Порталб: Војната во Украина ќе предизвика економска нестабилност во земјава

Воениот конфликт во Украина се очекува да предизвика последици врз економијата на Северна Македонија. Последиците, пред сè, се поврзани со пречките во трговската размена со Украина, која е директна цел на воени напади, но и со Русија, против која Северна Македонија воведе санкции и од која се очекуваат реципрочни санкции во наредниот период, пишува Порталб.мк. Членовите на работната експертска група...

Јашари за „Слободен печат“: Имаме актери со злонамерни агенди кои продолжуваат да радикализираат различни групи во земјата

Директорот на „Фондацијата Метаморфозис“, Бардил Јашари во изјава за „Слободен печат“ вели дека во Северна Македонија имаме многу ниско медиумско образование, плодна почва за теории на заговор, недоверба во институциите, опаѓање на квалитетот на новинарството и голем број извори на дезинформации како и разни актери, домашни и странски, кои ги користат да ги промовираат своите агенди и да ги...

Оружјето за измама на Кремљ: 7 работи што треба да ги знаете за РТ и Спутник

Европската унија одобри санкции против оружје за измами на Кремљ: Спутник и РТ. Нивните радиодифузни активности беа итно суспендирани во ЕУ, додека Кремљ не ја прекине агресија врз Украина и додека Русија не престане да спроведува активности на дезинформации и манипулации со информации против ЕУ и нејзините земји-членки, пишува EuvsDisinfo, пренесува Порталб.мк  Станува збор за вонредни, наменски и привремени мерки...

Вистиномер: Не е точно дека Русија не гранатира цивилни објекти и дека снимките од Мариупол се лажни

Тврдењето на рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин дека руските вооружени сили не гранатираат цивилни објекти и дека снимките од Мариупол се лажни, делува чудно и во најмала рака прозвучува неразумно во ситуација кога бројни светски и домашни медиуми постојано објавуваат снимки од разрушени цивилни објекти во Украина. Не е можно сите тие снимки кои се појавуваат во медиумите...

Вистиномер: Во Украина нема програма за развој на биолошко оружје финансирана од САД

Нема докази дека украинската влада наредила уништување на патогени на антракс, колера и други заразни болести дента кога Путин изврши инвазија врз Украина. Исто така, не е вистина дека во Украина постојат лаборатории за производство на биолошко оружје финансирани од САД. Напротив, тамошните лаборатории се со цел да превенираат ширење на заразни болести и се дел од Развојна програма...

Вистиномер: Сцена од филм од 2017 година невистинито претставена како да е од тековната инвазија во Украина

Видео материјалот всушност е клип од филм снимен во 2017 година, а не украински војници кои заминуваат во војна. Видеото потекнува од филмот „The War of Chimeras”. Филмот ја документира приказната за млад брачен пар за време на битката кај Иловајск, која се одвиваше во 2014 година во близина на Доњецк, Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Стојановски: Политички и медиумски кругови со години ги навикнуваат Македонците дека говорот на омраза е нешто „нормално“

Откако започна руско-украинската криза кај нас на социјалните мрежи, почна да се води пропагандна војна, полна со говор на омраза и „навивање“ од завојуваните страни. Одредени политички медиуми и кругови со години ги навикнуваат граѓаните на Република Северна Македонија дека говорот на омраза е нешто „нормлано“ и дека повиците на насилство се „нормален“ дел од политичкиот дискурс, тоа дури...

Вистиномер: Нема докази дека загинала првата жена борбен пилот во Украина

Ниту украинската војска ниту официјалните органи на Украина немаат споменато ништо за смрт на жена пилот. Официјалните медиуми, исто така, немаат споменато дека загинала првата жена борбен пилот во Украина. Нашата проверка покажа дека на фотографиите, кои се споделени со оваа непотврдена информација, се две девојки кои не се борбени пилоти. Едната е Олга Петровна, воено лице во украинската армија,...

Вистиномер: Со снимка од видеоигра се портретира ,,Духот на Киев”

Видеото споделено во постот што го рецензираме не е од „мистериозен пилот“, туку претставува секвенца од видеоигра „Digital Combat Simulator World“. Портпаролог на компанијата издавач за „Ројтерс“ потврди дека материјалот е навистина од видеоиграта, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на Фејсбук, во кој е споделена вест за „Духот на Киев“. „Духот на Киев“ е непознато...

Вистиномер: Виралното видео прикажува руски војник кој се збогува со ќеркичката, а не украински

На емотивната снимка од војник кој се збогува од ќеркичката, што се прошири на социјалните мрежи, а потоа ја презедоа и голем број медиуми, нема украински, туку руски војник, а видеото е направено пред нападот на Русија врз Украина, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: Во моменти кога домашните и светските медиуми се преплавени со вести од нападот на...

Вистиномер: Не е точно дека граѓаните панично ги повлекуваат депозитите од македонските банки

Од Народна банка за „Вистиномер“ изјавија дека „не се точни информациите дека деновиве се случуваат панични повлекувања на депозити од банките“ и нагласуваат дека „солвентноста на македонските банки,  во никој случај не е доведена во прашање“. Во однос на инфлацијата, од  Народна банка велат дека истата е над првичните проекции и изнесува 6,7 отсто во јануари. Но, оттаму напоменуват...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...