fbpx
Таг: Ѓорге Иванов

таг: Ѓорге Иванов

На граѓаните треба да им помогнеме, а не да им одмогнеме вели Заев за реакцијата на Иванов

Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со соопштението од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. - Ние политичарите треба да им служиме на граѓаните и треба да градиме соработки,...

Иванов: Несериозно е прашањето за името да се решава преку телефон

Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов, оценува дека вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, дадена во емисијата „Топ тема“, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО и ќе ги зголеми внатрешните опасности, претставува „очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално...

Иванов приреди ифтарска вечера за дипломати, бизнисмени и претставници од јавниот живот

Претседателот, Ѓорге Иванов синоќа приреди ифтарска вечера по повод светиот муслимански месец Рамазан, соопштија од кабинетот на претседателот. - Ова се денови кога треба да се укаже чест и внимание, кога треба да се негуваат обичаите на нашата специфична македонска култура на традиција и соживот - рече претседателот Иванов во своето обраќање. Тој додаде дека постот не е само откажување од храна,...

Иванов „го охрабрува“ Заев да го објави нацртот на договорот за името

Во недостиг на клучни документи, а за обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот Ѓорге Иванов го охрабрува премиерот Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите, информираат од кабинетот на Иванов. „Ставот на претседателот Иванов дека не прифаќа решение за прашањето за името...

Ѕанакопулос: Нема да има договор без ерга омнес и уставна ревизија

Нема да постои договор доколку не се прифати ерга омнес и уставна ревизија, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Епсилон“, а пренесува МИА. Во интервјуто Ѕанакопулос објаснува дека во овој момент не постои договор и затоа избегна да навлегува во детали што се однесуваат на евентуалното решение. - Додека не се...

Димитров: За решение е потребно лидерство и одговорност од сите политички фактори

За да се реши спорот со името потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по денешната средба со претседателот на државата Ѓоргe Иванов кого го информираше за содржината на последните разговори со МНР на Грција, Никос Коѕиас, во Њујорк и во Брисел. - За ова исклучително значајно прашање за разликата...

Иванов: Целиот процес на преговори со Грција се како личен договор на двајцата премиери

Непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори на законските одредби, целиот процес на преговори со Грција наликува на личен договор на двајцата премиери, порачал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Димитров на средбата усно го информирал шефот на државата за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу...

Иванов не прифаќа решение за името ерга омнес

За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија. „Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес“, се...

Претседателот Иванов бара да биде информиран за процесот на преговори за името

До претседателот Ѓорге Иванов нема стигнато информација за договорената рамка за надминување на спорот за името, на која вчера се повика министерот за надворешни работи Никола Димитров, соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Република Македонија. „До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две...

Јанкулоска и Димовски во „Титаник“ се повикуваат на помилувањето од Иванов

Адвокатот на одбраната во случајот на СЈО „Титаник“, Петар Василев денеска одби да даде воведни зборови повикувајќи се на одлуката на Врховниот суд во Грција да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски, поради помилувањето од претседателот Ѓорге Иванов. Според Василев, кој е адвокат на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и пратеникот Илија Димовски, поради помилувањето истрагата...

Мандатот на Богов истекува денеска, на седницата нема точка за избор на гувернер

Мандатот на гувернерот Димитар Богов истекува денеска, на Собрание е закажана 46. седница од 11 часот, но на дневен ред ја нема точката за избор на гувернер. Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка, откако Богов, кој беше предложен за втор мандат, се откажа од кандидатурата по реакциите и полемиките во јавноста за негов повторен избор. Пратеничката група...

СДСМ и коалицијата ќе ја поддржат Ангеловска Бежовска за гувернерка на Народна банка

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата в понеделник на координација ќе го разгледаат предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска да биде новата гувернерка на Народната банка. Координаторот Томислав Тунтев рече дека пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, позитивно гледаат на новиот предлог на Иванов. „Лично сметам дека Ангеловска Бежоска, која што е докажан експерт и професионалец во својата...

Иванов ја предложил Анита Ангеловска – Бежоска за нов гувернер на Народна банка

Откако Димитар Богов ја повлече кандидатурата за гувернер, претседателот Ѓорге Иванов ја предложил вицегувернерката Анита Ангеловска - Бежоска за нов гувернер на Народната банка и предлогот го доставил до Собранието, потврдија од кабинетот на Иванов за МИА. Претседателот Иванов смета дека актуелната вицегувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка е решение за...

Богов ја повлече кандидатурата за гувернер на Народна банка

На четири дена од истекот на мандатот, гувернерот на Народна банка, Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за втор мандат и за тоа веќе го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов гувренерски мандат. Во пишаната изјава за МИА, Богов посочува дека со внимание ја следел дебатата во јавноста поврзана со предлогот по втор пат да биде именуван...

Иванов го назначи генералот Нуредини за нов заменик-началник на генералштабот на АРМ

Врховниот командант на АРМ, претседателот Ѓорге Иванов, го смени заменик-началникот на Генералштабот, бригадниот генерал Мухамет Рацај, објави „Порталб.мк“. Информацијата ја потврдуваат и од кабинетот на претседателот, од каде велат дека декретот за смената на Рацај бил објавен во „Службен весник“. „Да, информациите се вистинити и декретот е објавен во „Службен весник“. Рацај е разрешен, а Азим Нуредини е именуван на негово...

Промовирана програмата за одбележување на 1.000 години Охридска архиепископија

Низа културни и спортски настани ќе се случуваат во периодот од мај до декември во чест на одбележувањето на милениумскиот јубилеј „1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија“, беше истакнато на денешната презентација на програмата во Охрид. „Во програмата има културни, научни, уметнички како и спортски настани, издавање на публикации кои ќе наидат на голем интерес кај граѓаните, настани кои сметаме...

Иванов и Заев се согласиле единствено дека НБРМ не смее да се остави без гувернер

Народната банка не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вилата Водно која се одржа на барање на премиерот, а на која се разговараше за предлогот на Иванов за нов гувернер на НБРМ. Иванов, како и на претходната...

Заев и Иванов денеска ќе разговараат околу предлогот за нов гувернер на НБМ

На барање на премиерот Зоран Заев, денеска ќе се одржи втора средба со претседателот Ѓорге Иванов за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка. - Верувам дека по пат на кохабитацијата и дијалогот кој што го имаме ќе изнајдеме решение. Правото е апсолутно на претседателот да предложи, но правото е и на парламентарното мнозинство да избере гувернер....

Иванов предлогот за Богов за гувернер го доставил до Собранието на 27 април

Во врска со предлогот Димитар Богов повторно да биде гувернер на Народната банка, од кабинетот на претседателот Ѓорги Иванов информираат дека по сите консултации тој бил посочен како најквалитетна, најпрофесионална и најсоодветна личност за извршување на оваа функција и кандидирање за негов втор мандат. „По извршените консултации, претседателот Иванов оствари средба со премиерот Заев на 26 март оваа година, на која македонскиот...

Средба на Иванов и Радев в недела во Дојран

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, в недела 6 мај во Дојран ќе има средба со бугарскиот претседател Румен Радев, информираат од кабинетот на македонскиот претседател. Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов на покана на бугарскиот претседател Радев во јуни ќе биде во возвратна официјална посета на Република Бугарија, велат од кабинетот на Иванов. Бугарскиот претседател Радев на 6 мај ќе...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...