петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Ѓорге Иванов | 975 резултати

Иванов телефонски му ја честитал победата на Ердоган

јуни 25, 2018

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, телефонски му ја честитал победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција и му посакал успешно извршување на претседателската функција, информираат од кабинетот на Иванов. Во телефонскиот разговор биле разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот […]

Кабинет на Иванов: Одговорно и транспарентно располагаме со буџетските средства

јуни 22, 2018

Кабинетот на престедателот Ѓорге Иванов, изминатите девет години, максимално одговорно, совесно и на транспарентен начин располага со буџетските средства, се вели во одговорот од кабинетот на претседателот на соопштението од Владата. „Во таа насока, потенцираме  дека сите јавни набавки од страна на кабинетот на претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и согласно сите законски регулативи […]

Влада: Претседателот Иванов не кажува дали ја прифаќа Алатката за отчетност

јуни 22, 2018

Сè уште нема одговор од претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог и Канцеларијата на Претседателот да ја прифати Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење, со што одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци, соопштија од Владата. „Во писмото испратено на 29 мај, министерот задолжен за […]

Талат Џафери по усвојувањето во Собранието ја „завери“ Спогодбата со Грција

јуни 20, 2018

Откако денеска во Собранието, во отсуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, беше ратификувана Спогодбата со Грција за разрешување на спорот за името со 69 гласа „за“, без гласови „против“ и воздржани, спикерот Талат Џафери го стави својот потпис на законот за ратификација на Спогодбата, по што тој оди во понатамошна процедура. Според процедурата, законот ќе биде […]

Иванов: Го повикувам Заев веднаш да покрене импичмент, останувам на ставот за договорoт

јуни 20, 2018

Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент, се вели во реакцијата на кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов на како што велат „сите изнесени невистини и закани од страна на премиерот, Зоран […]

Заев најави импичмент за Иванов ако не го почитува референдумот за Договорот со Грција

јуни 20, 2018

Премиерот Зоран Заев вчера во интервју за телевизијата „Канал 5″ изјави дека е можно собраниското мнозинство да побара импичмент за претседателот Ѓорге Иванов ако не го потпише договорот со Грција откако граѓаните на референдум би се изјасниле позитивно за спогодбата. За евентуалното повторно покренување на оваа постапка, според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински […]

Владата денеска треба да ја испрати Спогодбата во Собранието

јуни 18, 2018

По вчерашното потпишување на Спогодбата меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името во Псарадес (Нивици), на грчкиот брег на Преспанското Езеро, денеска треба да почнат процедурите за негово ратификување. Македонската Влада би требало денеска на седница да да го усвои законот за ратификација на Спогодбата, по што треба да биде испратена во […]

Борисов: Ќе беше предавство со фанфари и почести да го пречекам Иванов

јуни 14, 2018

Ќе беше предавство доколку по она за што прочитав вчера, по средбата од 120 секунди меѓу премиерот Заев, министерот за надворешни работи и претседателот Иванов, него денеска да го пречекам со фанфари и почести. Затоа проценив дека денеска не е моментот, рече во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на новинарски прашања за одбивањето да […]

Иванов: Борисов одбивајќи да се сретне со мене зазема страна

јуни 14, 2018

Со овој гест Борисов зазема страна, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој е во дводневна официјална посета на Бугарија, како реакција на одлуката на бугарскиот премиер Бојко Борисов да не се сретне со Иванов кој е во дводневна посета на Бугарија. Борисов и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во последен […]

Радев: Бугарија е загрижена од ескалацијата во Македонија за договорот со името

јуни 14, 2018

Бугарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Радев го повика Иванов да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Република Македонија, бидејќи, како […]

Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

јуни 14, 2018

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одбил да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во закажаниот термин утре претпладне, а средбата ја откажала и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со образложение дека бугарската влада не сака да биде вмешана во внатрешнополитичките дебати во Скопје, јави бугарската агенција „Фокус Њус“. Потегот следи откако […]

Иванов денеска и утре во посета на Бугарија, средби со Радев, Борисов и Захариева

јуни 14, 2018

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Бугарија, информираат од претседателскиот кабинет. Денеска Иванов во Софија ќе биде примен од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен […]

Влада: Иванов наместо да ја кочи иднината, подобро е да се изолира од полтичката сцена

јуни 13, 2018

Владата со жалење констатира дека претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ и да ја види перспективата што се отвора пред нашата држава со договорот што овие денови го финализираа и го договорија владите на Република Македонија и на Република Грција, соопштува владината прес служба. „Претседателот […]

Иванов: Нема да потпишам ваков штетен договор, нема да ме поколебаат закани и уцени

јуни 13, 2018

Договорот помеѓу Македонија и Грција не го обединува општеството туку дополнително го поларизира. Ќе се залагам за решение кое нема да го нарушува достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќање до јавноста во кое соопшти дека нема намера да го потпише договорот кој Скопје и Атина го […]

Димитров: Ќе нѐ биде и покрај Иванов

јуни 13, 2018

По скандалозниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, во изјава за „Дојче веле“, вели дека никој нема право да го спречува изборот на граѓаните. Одлуката на претседателот Иванов да ја прекине денешната средба со премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров на која требаше да биде информиран за содржината на договорот […]

Иванов ја прекинал и напуштил средбата со Заев и Димитров, најави обраќање

јуни 13, 2018

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров се обиделе да го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор за името, но од кабинетот на претседателот велат дека средбата траела две минути. „Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, велат од кабинетот на Иванов. […]

На граѓаните треба да им помогнеме, а не да им одмогнеме вели Заев за реакцијата на Иванов

јуни 12, 2018

Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со соопштението од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. – Ние политичарите треба да им служиме на граѓаните […]

Иванов: Несериозно е прашањето за името да се решава преку телефон

јуни 12, 2018

Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов, оценува дека вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, дадена во емисијата „Топ тема“, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО и ќе ги зголеми внатрешните опасности, претставува „очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани […]

Иванов приреди ифтарска вечера за дипломати, бизнисмени и претставници од јавниот живот

јуни 6, 2018

Претседателот, Ѓорге Иванов синоќа приреди ифтарска вечера по повод светиот муслимански месец Рамазан, соопштија од кабинетот на претседателот. – Ова се денови кога треба да се укаже чест и внимание, кога треба да се негуваат обичаите на нашата специфична македонска култура на традиција и соживот – рече претседателот Иванов во своето обраќање. Тој додаде дека постот […]

Иванов „го охрабрува“ Заев да го објави нацртот на договорот за името

јуни 1, 2018

Во недостиг на клучни документи, а за обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот Ѓорге Иванов го охрабрува премиерот Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите, информираат од кабинетот на Иванов. „Ставот на претседателот Иванов дека не прифаќа […]

Страна 4 од 49