четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: ЕК | 85 резултати

Темелни промени во отворена политичка атмосфера, видел Брисел во Македонија

17 април 2018

Во извештајот на Европската Комисија (ЕК) објавен денеска во Брисел, заедно со неусловената препорака Европскиот Совет да почне преговори за зачленување со Македонија, се вели дека земјата конечно ја надмина најсилната политичка криза од 2001 година, со чекорите што од мај лани ги презема новата реформски ориентирана влада за справување со заробувањето на државата, преку […]

Утре Брисел ќе препорача отворање на преговори со Македонија

16 април 2018

Европската комисија повторно препорачува отворање на пристапните преговори со Македонија, а извештајот за напредокот на земјата е меѓу попозитивните во овој пакет на Брисел, кој, како што стои во извештајот, „јасно ја препознал политичката волја за напредок“, јави Радио Слободна Европа (РСЕ), чии дописници од Брисел имале увид во документот што ќе биде објавен утре […]

„Мрежа 23“: Правосудството и почитувањето на човековите права се далеку од идеалното

3 април 2018

Македонија ја чека долг пат до подобрување на правосудството во целост, со многу чекори што треба да се превземат за да се осигури вистинско делење на правдата и подобрување на состојбата на почитувањето на човековите права, се посочува во „Извештајот во сенка за Поглавјето 23“, кој е подготвен и објавен во рамките на проектот „Мрежа […]

Тимоние: Препораката за ЕУ виси поради начинот на донесување на законот за јазиците

15 март 2018

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за СДК.мк вели дека може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија вчера беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. – Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме […]

Средствата од Европскиот фонд за подрршка на демократијата достапни и во Македонија

9 март 2018

Европскиот фонд за поддршка на демократија (European Endowment for Democracy – EED) ЕУ инфо-центарот, ја промовираше поддршката за Македонија во рамките на нивната иницијатива за проширување кон Западен Балкан. Станува збор за Фонд кој е комплементарен со поддршката од Европската Унија и други донатори, но се разликува во однос на начинот на аплицирање, кој е […]

Османи: Очекувам најдобар извештај и чиста и безусловна препорака од ЕК за Македонија

7 март 2018

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи очекува најдобар извештај на Европската Комисија за Македонија досега, кој ќе биде проследен со чиста и безусловна препорака за почеток на преговорите на Македонија за зачленување во ЕУ. Тоа, рече тој на конференцијата во Владата, ќе биде најголема потврда дека Македонија повторно е вратена на европскиот колосек. – Секако, […]

Османи очекува Македонија да се приклучи на колосекот за влез во ЕУ до 2025 година

5 февруари 2018

Стратегијата за проширување на Европската Унија е една од најважните иницијативи на Европската комисија за овој регион, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на денешниот координативен работен појадок со амбасадорите и нивните претставници од земјите од Западен Балкан. Средбата се одржува во пресрет на објавувањето на Стратегијата на Европската комисија, за проширување со земјите […]

Захариева: Реално е очекувањето преговорите со Македонија да почнат до јули

23 јануари 2018

Мислам дека е многу реално преговорите со Македонија да започнат за време на бугарското претседавање со ЕУ и, секако да го видиме извештајот во кој ќе биде вклучен и акциониот план 3-6-9 и кој е поврзан со реформите во администрацијата, разузнавачката служба и судскиот систем. Ние ќе бидеме среќни и целосно ќе го поддржиме тој […]

Законот за АВМУ ќе оди на разгледување во Европската Комисија, па потоа во Влада

27 декември 2017

Последната верзија на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Предлог-закон за АВМУ), која Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) вчера ја објави, пред да влезе во владина процедура, ќе оди на разгледување во Европската Kомисија (ЕК) пред да се најде на дневен ред на владина седница, соопшти денеска […]

ЕК: Македонија и натаму ги исполнува условите за визна либерализација

21 декември 2017

Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и натаму ги исполнуваат условите за визна либерализација, но потребни се акции во одредени специфични области за зачувување на нивната одржлива имплементација, се вели во соопштението на Европската комисија за нејзиниот последен извештај за спроведувањето на обврските од визната либерализација за земјите од Западен Балкан и […]

Напредокот во спроведувањето на реформите – основа за преговорите со ЕК

16 ноември 2017

Реформите на македонското правосудство треба внимателно да бидат испланирани врз основа на анализите и на оценките, а консултациите да бидат транспарентни и да вклучуваат повеќе фактори. Треба да се одвојат и доволно пари на самиот почеток на реформите за да може да дојде до нивно целосно спроведување, е една од пораките од ЕУ искажана на 12. […]

Во Собранието денеска извештајот на ЕК и финансискиот план на МРТ

6 ноември 2017

Во Собранието на Република Македонија за денеска се планирани две продолженија на седница, а на едното од нив треба да се разгледува Извештај на Европската комисија за Република Македонија за 2016 година. На дневниот ред се и предлог-закон за изменување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во прво читање, но и годишниот извештај […]

Заев: Сакаме ЕУ да носи похрабри одлуки, а ние со мудри одлуки да чекориме напред

3 ноември 2017

„Сакаме ЕУ да носи похрабри одлуки. ЕУ треба да знае дека цел Западен Балкан треба да добие поддршка за секое поместување напред. И ние, како Македонија, треба да добиеме датум за преговори“, порача премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Македонската телевизија“. Тој потсети на фактот дека Македонија веќе 12 години чека препорака и изрази надеж […]

СДСМ: По 11 декември Македонија ќе се врати на вистинскиот пат кон ЕУ

9 ноември 2016

„Катастрофалните политики на Никола Груевски и на „фамилијата“ ја држат Македонија заглавена во евроинтеграциските процеси веќе осма година по ред. Поради коруптивната и неодговорна власт, повторно добивме условена препорака за почеток на преговори со Европската Унија“, реагираат од СДСМ по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. „Во извештајот јасно се посочува […]

Хан: Кризата во Македонија сè уште не е завршена

9 ноември 2016

За Македонија кризата сè уште не е завршена. Има позитивни чекори во однос на Договорот од Пржино, особено со тоа што изборите се закажани за 11 декември и кои се од витална можност за надминување на кризата, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на денешната прес-конференција, по презентирањето на извештаите за напредокот на земјите од регионот […]

Извештајот на ЕК за Македонија на дневен ред во Собранието

7 декември 2015

Tретото продолжение на 74. седница, на чиј дневен ред е извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, денеска треба да се одржи во Собранието. Пратениците на ова продолжение треба да расправаат и за предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за градење, Законот за […]

ЕК одобри 17 милиони евра помош за Македонија и за Србија за справување со бегалците

8 октомври 2015

ЕК денеска одобри 17 милиони евра за Србија и за Македонија за справување со напливот бегалци, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. Помошта е дел од планот на ЕУ за справување со сириската криза и за помагање на земјите што се надвор од ЕУ, а се дел од транзитната рута на бегалците. – Сегашната бегалска […]

Земјите од ЕУ изгласаа распределба на 120.000 бегалци

22 септември 2015

Денеска европските министри за внатрешни работи и за правда донесоа одлука за распределба на 120.000 бегалци од Грција, Италија и од други земји-членки кои се директно погодени од бегалската криза, соопшти  Европската комисија. „Во согласност со оваа одлука, ЕУ сега е во позиција во наредните две години да распредели вкупно 120.000 луѓе, кои имаат потреба […]

Што рекоа за фијаското на преговорите во Брисел

11 јуни 2015

Преговорите кои траеа повеќе од 12 часа во Брисел помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, пропаднаа. И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат за уривање на преговорите. Еве ги на едно место изјавите на засегнатите страни: Никола Груевски: Заев не дојде да се договори. Тој […]

ЕК нема да испрати експерти за надзор на „Пуч“ и на „Прислушување“

30 март 2015

Европската комисија (ЕК) нема да испрати експерти за надзор на работата на јавното обвинителство по предметите од случајот „Пуч“ и од аферата „Прислушување“, одговориле од ЕК на поканата на Обвинителството. „Во одговорот сме известени дека Европската комисија во моментов нема да врши надворешната експертиза во содржината на која било поединечна кривична постапка. Притоа, во дописот е […]

Страна 4 од 5