fbpx
Таг: ЕБОР

таг: ЕБОР

Со странска помош ќе се изработуваат подзаконските акти за енергетска ефикасност

По донесувањето на Законот за енергетска ефикасност во текот на февруари, се постави прашањето што ќе се случува со подзаконските акти, за чие усвојување на Министерството за економија му е оставен рок од 3 до 9 месеци од денот на влегувањето во сила на новиот закон. Најдоцна за 6 месеци, ова министерство ќе треба да го усвои Правилникот за...

Обновливите извори на енергија во фокусот на Самитот за Западен Балкан на ЕБОР

На Самитот за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, ЕБОР, кој се одржува во Лондон, во фокус на дискусиите е енергетиката од обновливи извори и зелената економија. Како што соопштија од Владата, техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој заедно со министерката за финансии, Нина Ангеловска, и министерот за економија Крешник Бектеши се во еднодневна работна посета на...

Заем од 58 милиони евра од ЕБОР за финансирање на пречистителна станица за отпадни води во Скопје

ЕБОР обезбедува 58 милиони евра заем, надополнет со 68 милиони евра заем од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ) и 10 милиони евра инвестициски грант, обезбеден од Иницијативата за економско зајакнување на ЕИБ за финансирање на првата голема пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Пречистувањето на водата беше идентификувано како една од најитните приоритети од Акциониот план за Зелени градови, развиен...

Три понуди на тендерот за автопатот Скопје – Блаце, изградбата ќе почне напролет

„Гранит“ и „Бетон“ од Скопје и бугарската компанија „ИСА 2000“ се заинтересирани да ја градат првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во изјава за „Мета.мк“ потврдува дека на вториот по ред тендер биле доставени три понуди, кои беа отворени на 29 ноември - датум што претставуваше и краен рок за нивното доставување. - Во...

ЕБОР ќе финансира еколошки проекти во општините во Градот Скопје

toplo ulica Makedonija minuvachi shetanje
Претставници од Програмата на ЕБОР „Зелени градови“ ќе се сретнат со претставници на Владата, Градот Скопје и неговите општини, за да ги одредат приоритетите за градење на подобра и поодржлива иднина на главниот град и на неговите жители, информираат од банката. Состанокот со градоначалниците ќе се одржи во Церемонијалната сала на Владата и претставува можност градоначалниците на општините Центар, Карпош,...

Нов тендер за автопатот Скопје – Блаце поради прескапа прва понуда

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Наредниве денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри. - До крајниот рок за доставување на понуди поднесена е една понуда која го надминува буџетот...

Продолжен рокот за 20 дена за понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта за 20 - тина дена го продолжи рокот за доставување понуди за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Поради голем интерес за поднесување на понуди од компаниите, крајниот рок за нивното доставување е продолжен до 23 септември. Од ЈП за државни патишта за „Мета.мк“ потенцираат дека постои интерес од домашни и странски...

Експресниот пат Градско – Прилеп со нов рок – 2022 година!

Извор: Министерство за транспорт и врски
Јавното претпријатие за државни патишта на шпанскиот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“ му го раскина договорот за изведба на првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп, на потегот меѓу Дреновската и Фаришката клисура. Од ова јавно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека изведувачот неколку пати бил опоменат за исклучително ниската ефикасност. - Поради неизвршувањето на договорните обврски согласно прифатената...

Објавен тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта денеска го објави тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Станува збор за првата подделница, од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце, во должина од 2 километри. Краен рок за доставување на понудите од градежните компании е 4 септември, по што ќе се бира најповолен изведувач. Доколку успешно се спроведе...

ЕБОР: Tемпото на реформи е клучно за приближување кон ЕУ

Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри новата Стратегија, за нејзиниот ангажман во земјата во наредниве пет години, до 2024 година, само неколку месеци откако стапи на сила Договорот за решавање на спорот со името и стратешкото партнерство со соседна Грција, информираат од таму. Како резултат на надежите за забрзување на процесот на приближување...

Политичарите се караат, изградбата на автопатот Скопје – Блаце доцни

Власта и опозиција на вчерашната собраниска седница се испокараа околу проектот за изградба на автопатот Скопје - Блаце. Пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека власта нема ниту еден камен поместено за изградба на оваа автопатска делница. - Едно од изборните ветувања и дел програма на оваа влада беше изградбата на автопатот Скопје - Блаце и да потсетам...

Регионален бизнис-форум за жени претприемачи од Западен Балкан се одржува во Скопје

Регионалниот бизнис-форум за жени претприемачи се одржува денеска и утре во хотелот „Дабл три Хилтон“ во Скопје. Настанот е организиран од Програмата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за жени претприемачи од Западен Балкан, со цел да се разменат искуства помеѓу претставници од финансиските институции и жените претприемачи од регионот. „Програмата започна во октомври 2014 година, и има...

Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за автопатот Скопје – Блаце и за Кичево – Гостивар

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, односно првата делница Кичево-Букојчани. Ова го истакна министерот за фианaнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево. - Договоривме поддршка за идниот период - изградба на важни патишта во нашата земја. Тоа се...

Тевдовски: Новата стратегија за соработка и проекти со ЕБОР ќе се усвои до крај на мај

Новата четиригодишна стратегија за соработка со Европската банка за обнова и развој ќе се усвои до крај на мај, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на Годишните средби на ЕБОР, кои се одржуваат во Сараево. Во новата стратегија има повеќе проекти, кои треба да поддржат три приоритети: поддршка на конкурентноста, јакнење на регионалната интеграција и поддршка на приближувањето кон...

Тевдовски на годишните средби на ЕБОР во Сараево

Министерот за финансии Драган Тевдовски, во рамки на делегацијата предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, ќе учествува на годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кои ќе се одржат од 7 до 9 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. „Годишните средби на Европската банка за обнова и развој се одлична можност да се сврти вниманието кон...

Претседателот на ЕБОР ќе ги потврди инвестициите на банката при посетата на државата

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сер Сума Чакрабарти ќе се сретне со владини и претставници од бизнис заедницата во Скопје на 6 мај, за време на регионалната посета на Западен Балкан, која доаѓа како подготовка пред Годишното собрание на ЕБОР, кое се одржува идната недела во Сараево. „Претседателот на ЕБОР, ќе ја потврди посветеноста на Банката...

ЕБОР ќе даде 30 милиони евра кредити и 4,5 милиони евра грант за претпријатијата

ЕБОР ќе даде 30 милиони евра кредити и 4,5 милиони грант за малите и средни претпријатија (МСП), за подобрување на нивните производствени капацитети и квалитетот на проиозводите преку воведување на ЕУ-стандарди. „Ако една компанија земе еден милион евра кредит, тоа значи дека 150.000 евра се грант, а 850.000 евра треба да врати. Нашата економија ја сочинуваат најголем број на мали...

Скопје се приклучува во „Програмата ЕБОР зелени градови“

Скопје е првиот град во Северна Македонија кој ќе се приклучи на програмата на ЕБОР за успешно урбано позеленување, и преку „Програмата ЕБОР зелени градови“ ќе развие Акционен план за справување со еколошките предизвици, информираат од ЕБОР. „Изготвувањето на Акциониот план за Скопје Зелен град беше промовиран на првата работилница која се одржа денес. На неа учествуваа преставници од локалната...

Ангеловска – Бежоска на средба со делегацијата на ЕБОР: Економијата закрепнува

Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска - Бежоска и вицегувернерите остварија средба со делегацијата на Одборот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е во неколкудневна посета на земјава. Раководството на НБРМ ги презентирало согледувањата и оцените за македонската економија, за македонскиот банкарски систем и неговата стабилност. „Македонската економија закрепнува, а банкарскиот систем во земјава е стабилен и...

Приоритет во стратегијата за соработка со ЕБОР ќе биде и „зелената економија“

Поддршка на конкурентноста, јакнење на регионалното поврзување и поддршка за „зелената економија“ се трите приоритети кон кои ќе биде насочена новата Стратегија за соработка на земјава со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) 2019-2023 година. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и делегацијата на Бордот на директори на ЕБОР, предводена од Франс...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...