fbpx

ЕБОР ќе финансира еколошки проекти во општините во Градот Скопје

-

Претставници од Програмата на ЕБОР „Зелени градови“ ќе се сретнат со претставници на Владата, Градот Скопје и неговите општини, за да ги одредат приоритетите за градење на подобра и поодржлива иднина на главниот град и на неговите жители, информираат од банката.

Состанокот со градоначалниците ќе се одржи во Церемонијалната сала на Владата и претставува можност градоначалниците на општините Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Шуто Оризари, Сарај и Чаир да ги одредат своите приоритети.

„Целта на состанокот е да се претстават можностите за финансирање на општинските еколошки проекти преку Програмата на ЕБОР „Зелени градови“, да се разговара за еколошките предизвици на општинско ниво, преку имплементација на проекти во секторите, вклучувајќи јавен транспорт, градење на енергетска ефикасност, менаџирање на вода и отпадна вода, цврст отпад, општинско греење, општински енергетски систем, улично осветлување и патишта“, информираат од ЕБОР.

Програмата „Зелени градови“ е вредна 950 милиони евра, која нуди сеопфатен бизнис-модел за зелен урбан развој, комбинирајќи стратешко планирање со инвестиции и техничка помош. Во јули 2019 година, потпишан е договор со Зелениот климатски фонд (ЗКФ) во износ од 87 милиони евра, за поддршка на програмата во девет држави, вклучувајќи ја и Македонија.

ЕБОР се стреми да го зголеми обемот на финансирање во зелени проекти до 40 проценти од годишното инвестирање до 2020 година, кои се согласно обврските од Парискиот договор 2015.

Скопје се приклучи кон оваа програма на ЕБОР во март 2019, кон која брзо пристапуваат и други градови во државите каде ЕБОР има свои канцеларии. Скопје ќе биде првиот град кој ќе развие Акциски план и ќе помогне во идентификување, приоритизирање и справување со најважните еколошки предизвици.

До сега Градот Скопје преку Акцискиот план за зелен град (АПЗГ), развиен со помош на ЕБОР, има инвестирано во еколошки автобуси со цел да се справи со загадувањето на воздухот, а планира да направи подобрувања на системот за прочистување на отпадните води.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...