fbpx
Таг: АВМУ

таг: АВМУ

ААВМУ: 3 Мај потсетува дека владите имаат обврска да ја почитуваат слободата на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) по повод 3 Мај - Меѓународниот ден на слободата на медиумите, порача дека покрај прославувањето на фундаменталните принципи и независноста на медиумите, овој ден служи и како потсетник за улогата на медиумите во развојот на демократијата и обврската на владите да ја почитуваат нивната слобода. „Годинава, светскиот ден на медиумите се одбележува...

ААВМУ бара од институциите отвореност за медиумите и двонасочна комуникација со новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) апелира до Владата и другите надлежни институции да ја унапредат комуникацијата со новинарите и да го зголемат степенот на транспарентност во периодот на вонредната состојба поради епидемијата со корона вирусот. Од ААВМУ потенцираат дека комуникацијата со новинарите треба да биде отворена и двонасочна. „Во вонредна состојба исклучително е важно да им биде...

Објавен периодичниот извештај на Евротинк за работата на АЕК и ААВМУ

Иако редовно се објавуваат записниците од состаноците на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, сепак тие не вклучуваат детали за текот и за содржината на дискусиите. Ова го покажува шестиот периодичен извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ), спроведен од Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност...

Министерството за правда ја одобри донацијата на АВМУ за медиумите

Јавниот радиодифузен сервис, Македонската радио телевизија и 46 други приватни радиодифузери со сигурност ќе ги добијат парите од ветената донација од Агенцијата за аудио и аудиовизуелклни медиумски услуги за справување со последиците од ширењето на корона вриусот откако Министерството за правда го оцени потегот на АВМУ како прашање од јавен интерес. Претходно позитивно мислење за донацијата за радиодифузерите на...

ААВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за изгорената ТВ Вис

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, АВМУ, ќе донира финансиски средства на ТВ Вис Струмица, со цел да и помогне на телевизијата во санирање на последиците од пожарот кој ја зафати на 25 март, во кој беа опожарени телевизиското студио и техниката. „Станува збор за доделување дополнителни финансиски средства, покрај оние што на 25 март им беа доделени на...

Медиумите објективно и непристрасно известувале во предизборието, покажува мониторингот на ААВМУ

Националните телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување за предвремени парламентарни избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Во предизборниот мониторинг биле вклучени МРТ 1, МРТ 2 Програма на албански јазик, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, ТВ 21-М, 24 Вести...

Јавниот сервис во предизборието: МТВ избалансирано, Македонското радио во полза на ВМРО-ДПМНЕ

Само дел од каналите на Македонската-радио телевизија (МРТ) прикажале избалансирано предизборно известување во информативната програма во периодот од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за периодот пред отпочнувањето на изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Најголем дисбаланс има кај програмата на првиот програмски сервис на Македонското радио,...

Непрофесионални портали не можат да ја прашаат Владата во живо

Одлуката на владата да обезбеди видеопренос во живо преку социјални мрежи на редовните прес-конференции поврзано со пандемијата на коронавирусот, предизвика незадоволство кај дел од интернет-порталите во земјата. Во иднина, на прес-конференциите на Владата нема да можат да присуствуваат новинарските екипи, туку медиумите од редакција без никакво ограничување ќе можат да го преземат видеото од преносот и сите други материјали...

МРТВ доби 488.000 евра од АВМУ за заштита на новинарите и за производство на програма

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги додели финансиска помош – донација за справување со последиците од корона вирусот Ковид-19 во вкупен износ од 105.000.000 денари (1,7 милиони евра). Од 103 милиони денари (1,6 милиони евра) наменети за радиодифузерите, 30 милиони денари (488 илјади евра) се за Македонска радио телевизија. Останатите комерцијални и непрофитни радиодифузери кои во моментов вршат телевизиско...

ААВМУ досега не регистрирала прекршувања на Изборниот законик при мониторингот на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 17 февруари го започна предизборниот мониторинг на медиумите и во изминатиов период не констатирала прекршувања на Изборниот законик, се наведува во четвртиот неделен извештај што ААВМУ го достави до Државната изборна комисија (ДИК). Следењето на работата на медиумите ќе продолжи во претстојниот период, за што ААВМУ од владата доби 5.277.000...

АВМУ: Затворските казни за новинари може да доведат до автоцензура

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски, поради оддавање службена тајна. „Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување на слободата на информирање, слободата...

Манчевски: Не прифативме политички пазар со ВМРО-ДПМНЕ за МРТ и ААВМУ

Со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, разговараме воопшто за спроведување на медиумските реформи, за застојот за избор на новите луѓе во Македонската радио телевизија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за намалување на нападите и тужбите против новинари како и за ефектите од субвенционирање на печатените медиуми. Дали сте задоволни од спроведените реформи во...

АВМУ: Последните измени на Законот за медиуми беа донесени на крајно нетранспарентен начин

Последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа донесени на крајно нетранспарентен начин, во процес којшто не беше инклузивен и тоа пред самото донесување на Одлуката за распуштање на Собранието и на Решението за распишување на Предвремените парламентарни избори за пратеници. Ваквиот начин на носење на законски измени е крајно разочарувачки и несоодветен, велат од Агенција за...

Операторите ќе прекинат со реемитување на сите тв канали, освен на јавниот сервис (МТВ)

Реемитувањето на сите домашни и странски телевизиски канали преку македонските оператори ќе биде прекинато, едногласно одлучи Здружението на информатичко - комуникациски технологии, каде што се обединети сите кабелски оператори. Операторите ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал, информираат од Стопанската комора на Македонија. Ваквата одлука на Здружението на информатичко - комуникациски технологии доаѓа по усвојувањето...

Владата одобри околу 86.000 евра за АВМУ за мониторинг на изборите во медиумите

Владата на 10.седница донесе одлука за одобрување на средства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за мониторинг на изборите во медиумите. „На оваа седница Владата ја усвои одлуката за одобрување на средства од буџетот во износ од 5.277.000 денари (85.805 евра) на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за следење на изборните активности во 2020 година,“ се...

Неизборот на новиот состав на Советот на Агенцијата за медиуми води кон нови законски измени

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Закон за ААВМУ) ќе претрпи нова, осма по ред измена од неговото донесување во 2013 година. На денешната 131 седница, Собранието по скратена постапка ќе го усвојува Предлог - Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на предлог на пратениците Костадин Ацевски, Артан Груби и Мирослав Јовановиќ. Самите...

ААВМУ ќе истражува колкави приходи остваруваат онлајн медиумите и какво е мислењето на граѓаните за нив

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изготви Студија за утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и врз работењето на традиционалните медиуми во земјава. Документот што треба да биде завршен на почетокот од следната година ќе ги утврди вкупните приходи на онлајн медиумите во 2018 година, нивната структура, како и уделот на...

За МРТ, МРД и АВМУ следната година 19,5 милиони евра

Од вкупниот буџет на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во износ од 1,52 милијарди денари, дури 1,2 милијарди денари (односно 19,5 милиони евра) се наменети за МРТ, МРД и АВМУ, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска, на прес конференцијата за буџетот на министерството за следната година. Тој најави дека фокусот следната година е дигиталната...

Младите лесно подлегнуваат на дезинформации преку социјалните медиуми и интернет порталите

Младите се генерално свесни за проблемот со веродостојноста на изворот или квалитетот на една вест, но лесно подлегнуваат на дезинформации добиени преку социјалните медиуми и интернет портали кои претставуваат нивни главен извор на информирање. Ова е само еден заклучок од резултатите добиени од истражувањето „Критичко размислување и навиките на информирање кај младите“ спроведено во рамки на проектот „Со критичко...

АВМУ: Законите за медиуми не му даваат надлежност на регулаторот да го испитува потеклото на капиталот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е непријатно изненадена од денешното соопштение на Здружението на новинари на Македонија во кое тенденциозно се сугерира дека Агенцијата не постапила во врска со можната злоупотреба на „1ТВ“ за нелегални активности, реагираат од АВМУ. „Дејствувањето на Бојан Јовановски и евентуалната злоупотреба на медиумот од негова страна се предмет на постапување на обвинителството, судството,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...