fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Контраспин: Криминалот и корупцијата не исчезнаа за СЈО да биде беспредметно

СЈО е стожерот кој треба да обезбеди правна разврска на кризата, без која нема излез од спиралата што Македонија ја води во регрес и во опасност од дезинтеграција. СЈО беше продукт на Договорот од Пржино и констатација во анализата на Рајнхард Прибе за измена на системот на електронско следење на комуникациите и надворешна, надзорна контрола врз тој систем, пишува...

Контраспин: Груевски ем се заканува на дипломати, ем бил прозападно ориентиран?!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изминатиот викенд пред Државната изборна комисија (ДИК), читајќи го прогласот усвоен од партискиот извршен комитет, во кој најави дека партијата нема да учествува на евентуално прегласување, даде неумесна изјава во која остро ги нападна странските дипломати, пишува „Вистиномер“. Оваа изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дадена пред насобраните партиски приврзаници пред ДИК, во која...

Контраспин: Кој работеше на поделби цело време

Тој што работеше на поделби на граѓанска, интраетничка и меѓуетничка поделба речиси десетина година, не може сега да повикува на намалување на јазот и на обединување околу заеднички цели, пишува „Вистиномер“. Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ја даде следнава изјава што „Вистиномер“ ја оценува како спин: Спин: „Ќе бидеме фокусирани да се намали јазот помеѓу граѓаните, политичкиот јаз. СДСМ во желба да...

Контраспин: Трајко Вељаноски со лицемерна дефиниција за тоа што е национален интерес

Точно е, како што вели Вељаноски, дека ќе се избира помеѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата. Само уште да дефинира точно што се највисоки национални интереси, а што е лицемерие кое се затскрива зад нив, пишува „Вистиномер“. Контраспин: Трајко Вељаноски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и дел од...

Велешаните со пропагандните веб-страници за Трамп не веруваат дека влијаеле на изборите

Младите велешани кои беа сопственици на стотината веб-страници што пропагираа во корист на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, велат дека не сметаат дека нивните „портали“ имале какво било влијание на крајниот исход од претседателските избори. Дел од нивните пропагандистичките веб-страници или не постојат или неколку месеци ништо не објавуваат. - Немам никаков коментар за победата на Доналд Трамп на...

Светски влијателниот „Базфид“ ја користи агенцијата „Мета“ како извор

Изминатата година, македонскиот град Велес со популација од 45.000 луѓе, доживеа дигитална златна треска кога негови жители отворија најмалку 140 веб-страници што ширеа пропаганда за републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, пишува американската веб-страница „Базфид“. „Базфид“ во својата опширна анализа ја цитира новинска агенција „Мета“ за текстот објавен во април, кога „Мета“ контактираше со петмина велешани, сопственици на веб-страници што пренесуваат пропагандистички вести во корист...

Ванхојте: Рокот од 18 месеци во Законот за СЈО го договорија Груевски и Заев без преговори

Странците предлагале да нема рок, СДСМ предлагал рок од околу две години, а Груевски 18 месеци, по што Груевски и Заев се договориле да останат само 18 месеци за истраги и за обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Ова за „Вистиномер“ го сведочи тогашниот посредник во преговорите за излез од политичката криза, Питер Ванхауте. Партиите, пак, иако двапати беа прашани...

ВМРО-ДПМНЕ контра СЈО: Против факти со говор на омраза

Откако во претпладневните часови на 15 септември 2016 година во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше соопштено дека се поднесуваат првите две обвиненија, а малку подоцна, откако медиумите утврдија дека со едното, за казниво дело се товари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски, оваа партија излезе со соопштение/изјава, во која грубо се извртуваат факти, но и се употребува...

Има место за страв – не знаеме како се градело последните 20 години

Проф. д-р Михаил Гаревски за „ТВ Нова“ даде изјава во врска со стабилноста на објектите во Скопје и околу чувството на загрозеност кај граѓаните, која ја оценуваме како недоследна, пишува „Вистиномер“. „Нема место за паника и од друг аспект, бидејќи – секогаш кога зборувам, зборувам за зградите кои што се градени после земјотресот (од 1963), а не пред земјотресот, пред земјотресот иако...

КОНТРАСПИН: Парадирањето на Груевски е непочитување на системот

Еден ден по катастрофата што му се случи на Скопје и во која загинаа над 20 лица, Никола Груевски, во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на терен во погодените подрачја, направи неколку извртувања на вистината, пишува Вистиномер. Груевски таму се упати откако заедно со премиерот Емил Димитриев се вратија во земјата прекинувајќи ги одморите – првиот во Турција, вториот во...

КОНТРАСПИН: Најмалку што треба да направи Трајановски, е да понесе морална одговорност

Во ситуација кога во Скопје се случи потоп и кога има над 20 жртви, крајно несоодветно е со невидена леснотија да се елиминира одговорноста во стилот „така сакал Господ“! Наместо да се турка спинерската приказна дека „природата била сурова“, најмалку што треба Трајановски да направи, е да ја напушти градоначалничката функција од морални причини, пишува „Вистиномер“. Градоначалникот на Град Скопје,...

Контраспин: Долгот преку државни записи изнесува 617 милиони евра и не „се приближува кон нула“

Спин: „Во изминативе два месеци се откажани дури три предвидени аукции на државниот пазар. Нето-задолжувањето по однос на државни записи се приближува кон нула.“  Контраспин: Овој дел од соопштението на Министерството за финансии претставува спин. Како и да се обидувате да го протолкувате, ова единствено може да се сфати дека задолжувањето преку државни записи на државата „се приближува кон нула“,...

КОНТРАСПИН: Министерство за финансии? Која е разликата меѓу Европа и ЕУ?

„Македонија е умерено задолжена земја и доколку се пресметаат средствата од еврообврзницата, во согласност со податоците на Еуростат, Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг помал од 50 отсто од домашниот бруто-производ.“ (Извор: Министерство за финансии, Датум: 20 јули 2016 г.) Во горниот извадок од соопштението на Министерството за финансии се соочуваме повторно, по којзнае кој пат, со една стара...

Нема правни пречки за формирање посебно судско одделение

Откако се разгоре повторно темата за формирање на специјални одделенија во судовите и во полицијата за водење на предметите што ќе ги истражува или ги процесуира Специјалното јавно обвинителство, се разгореа и контраизјавите, пишува „Вистиномер“. Една таква, по вторпат во две недели, дава претседателот на Судскиот совет на РМ, Зоран Караџовски, кој смета дека ваквото одделение во судот или...

„Второ читање“ за легислативата за СЈО – „второ читање“ и за оптимизмот на Нуланд

Веројатно од преголема желба за некаков позитивен исчекор, медиумите во земјата речиси бeз исклучок го истакнаа оптимизмот на високата американска функционерка, Викторија Нуланд, која по вчерашната обиколка на Македонија искажа уверување дека наскоро може да има пробив и позитивен исход на т.н. „пржински процес“. Тоа е можно, но практиката тера на крајна внимателност и на претпазливост. Во Собранието уште не...

Судскиот буџетски совет не смее колективно да ги намали платите

Судскиот буџетски совет (СБС) до вработените во судовите доставил известување во кое стои дека колективно ќе им се намалат платите за 40 отсто за оние месеци во кои судската администрација штрајкувала. Оваа одлука на СБС доаѓа неколку дена по првото решение во кое се бараше од претседателите на судовите да подготват решенија со намалени плати за 60 проценти за...

КОНТРАСПИН: Одлуката на ЕУ е санкција, а прстот е вперен кон ВМРО-ДПМНЕ и кон ДУИ

Ако некој отвоено вели дека Владата е без политичка волја, Владата нема подготвеност, нема зрелост, нема политичка посветеност итн., и дека поради тоа се кратат 27 милиони евра, а дека помошта нема да биде продолжена со друг проект, спинување е да се крие дека тоа не биле санкции или казна од ЕУ за Македонија во целост, а уште поголемо...

Се крчка Пржино 2 или се домесува Пржино 1?!

„Не треба да бараме нов договор, туку треба да го реализираме постојниот. Нема време за губење. Целта ни е да завршиме, а не да одложиме. Важно е да има фер и демократски избори со реформирани медиуми и со прочистен избирачки список. Значи, да профункцинираат сите елементи од Договорот од Пржино“, вели Радмила Шекеринска за „Вистиномер“. Специјално одделение во судовите за...

Секоја година ли ќе се задолжуваме со 500 милиони евра?

Сега веќе знаеме дека новата еврообврзница треба да изнесува 230 милиони евра за да се достигне сумата од 500 милиони евра, колку што требаше да изнесува ланската, но од која тогашниот дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов, ги исече токму овие најавени 230 милиони евра и на крај задолжувањето изнесуваше „само“ 270 милиони евра, пишува „Вистиномер“. Оваа сума тогаш...

Каде исчезнаа странските служби на Груевски?

Откако на 31.01.2015 година, тогашниот премиер, а сега претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави дека врз државниот врв е направен обид за пуч и тоа преку странски служби, таквото сценарио, со конспирациски мотиви за уривање на државата однадвор со помош на „домашни“ предваници, го спомена само уште на 25.02.2015 година. Оттогаш, речиси година и половина подоцна, странските служби исчезнаа...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...