Откако се разгоре повторно темата за формирање на специјални одделенија во судовите и во полицијата за водење на предметите што ќе ги истражува или ги процесуира Специјалното јавно обвинителство, се разгореа и контраизјавите, пишува „Вистиномер“. Една таква, по вторпат во две недели, дава претседателот на Судскиот совет на РМ, Зоран Караџовски, кој смета дека ваквото одделение во судот или судовите не е можно со постојниот Устав и Закон за судовите:

„Јас, како претставник на институцијата која е одговорна за судството, и Судскиот совет воопшто сме на мислење дека не треба да се менува концептот на кој е поставено судството во постојниот систем“, вели Караџовски. „Доколку се наметне прашањето за формирање на ново судско одделение, односно специјално одделение, што според постојниот закон и Устав не е можно, потребна е законска интервенција, меѓутоа тоа треба да се направи многу внимателно“, додава тој. „Но, прашањата за одговорноста и за правата на претседателите на судовите или на претседателот на тој суд каде што ќе биде формирано новото одделение не можат да му бидат одземени како ингеренции на Судскиот совет“, смета Караџовски.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)