fbpx
Таг: несреќа

таг: несреќа

Шестгодишно девојче загина во брод кој се преврте кај Лезбос

Нова бегалска трагедија се случи изутринава во водите во близина на островот Лезбос. Брод кој пренесуваше околу 10 бегалци се преврте рано изутринава. Во несреќата животот го изгуби шестгодишно девојче. Грчката крајбрежна стража успеа да спаси четворица од бегалците кои биле во бродот. Во моментов крајбрежната стража и еден воен хеликоптер и понатаму трагаат по другите луѓе што биле во бродот. Причината...

Делегација на МВР оддаде почит на пилотите што загинаа кај Струмица

Делегација на Министерството за внатрешни работи, денеска оддаде почит на загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков на спомен-обележјето во аеродромската база Брест во Петровец, соопштија од МВР. Делегацијата на МВР била придружувана од семејствата на трагично загинатите пилоти. Хеликоптерската несреќа се случи на 10 јули 2014 година кај Струмица.

Падобранска несреќа при поготовките за ЛОИ во Рио де Жанеиро

Двајца бразилски падобранци загинаа вежбајќи ја кореографијата за отворањето на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, кои ќе се одржат од 5 до 21 август годинава. Како што јавуваат бразилските медиуми, 28 падобранци се обидувале во воздух да ги направат петте олимписки круга, но двајца од нив, 39-годишниот Густаво Кореа Гарцез и 47-годишниот Гилхермо Бастос Падиља, се судриле во...

Тројца работници се затруле со јаглерод моноксид во РЕК – Битола

Тројца работници се повредени во несреќа што денеска се случила во РЕК - Битола. Како што дознаваме, работниците биле ангажирани на ремонт на првиот блок на РЕК - Битола, односно заварувале цевковод. Според извори од битолската полиција, тројцата работници вдишале јаглерод моноксид и во состојба на безсознание се пренесени во Клиничката болница во Битола. Настанот го потврди портпаролката на СВР Битола, Сања...

Четиринаесет лица загинаа во автобуска несреќа во Турција

Четиринаесет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени при несреќа на училишен автобус во Османие, Јужна Турција. Турските медиуми соопштуваат дека шест од загинатите се ученици. Автобусот, кој превезувал ученици, наставници и родители на децата на екскурзија, по пат на враќање паднал во канал за наводнување. При спасувачките операции пронајдени се 14 тела. Се смета дека возачот на автобусот е, исто така, меѓу...

Воз со нафта излета од шините

Товарен воз кој превезувал нафта, излета од шините во близина на местото Мозир, на околу 110 километри источно од најголемиот град во американската сојузна држава Орегон, Портланд. При несреќата, од вагоните истекло поголемо количество нафта и избувнал пожар во близина на брегот на реката Колумбија, соопшти железничката компанија „Јунион Пацифик“. Нема инфромации за повредени лица при несреќата. Според компанијата, при несреќата од...

Најмалку 30 загинати мигранти во бродска несреќа во Медитеранот

Повеќе од 30 мигранти се стравува дека ги загубиле животите кога бродот со кој пловеле се превртел во близина на либискиот брег, јавува „Би-би-си“. Бродовите на Европската унија кои патролираат во Средоземното Море успеале да спасат околу 50 мигранти, кои биле во превртениот брод. За несреќата алармирал луксембуршки извиднички авион, кој го забележал превртениот пловен објект. Италијанската морнарица вчера спаси 562 мигранти...

Во несреќа на градилиште во Кина загинаа 18 лица

Најмалку 18 лица загинаа, а уште 18 се повредени откако во еден град на југот на Кина, поради силниот ветер, се урнал кран, соопштија денеска локалните власти. Кранот тежок 80 тона се урнал вчераутро, директно на двокатницата во градот Донгуан, а четворица од повредените се наоѓаат во тешка состојба. Во моментот на несреќата, во зградата се наоѓале 139 лица, од кои...

Во сообраќајна несреќа во Перу загинаа 23 лица

Најмалку 23 луѓе загинаа, а 32 се повредени во сообраќајна несреќа во југоисточниот дел на Перу. Од полицијата информираа дека несреќата се случила кога автобус со патници се превртел во река во Андите. Сообраќајната несреќа се случи во  Куско, позната туристичка дестинација во Перу.  

Работник починал по пад од кров на куќа

Шеесет и осумгодишен жител на Македонски Брод вчера го загубил животот по пад од кров на куќа, на кој извршувал градежни работи, соопшти полицијата. Несреќата се случила околу 11 часот во селото Дебреште, Прилепско. Од падот, В.Н. се здобил со тешки телесни повреди и веднаш биле пренесен во Медицинскиот центар во Прилеп, каде во 15.20 часот починал. Увид на...

Се урна надвозник во Индија – 10 загинати и стотина исчезнати

Десет лица загина, а повеќе стотини се сметаат за исчезнати при уривање на надвозник во индискиот град Колката, јавија локалните власти. Надвозникот, на кој работните активности траат од 2009 година, се наоѓа во прометен дел од градот и се смета дека околу 150 лица се наоѓаат заробени под урнатините. Пожарникарите и граѓаните со голи раце се обидуваат да ги спасат заробените. -...

Се урна воен хеликоптер во Алжир – загинаа 12 војници

Дванаесет алжирски војници загинаа во пад на хеликоптер, објави алжирското министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во покраината Адрар, на југозападот на земјата и оти уште двајца војници се повредени. Истрагата е во тек, но причина за несреќата веројатно е лошата видливост која е последица на песочните бури кои во последните денови го зафатија регионот.

Воз со 142 патници излета од шините во Канзас

Воз со 142 патника излета од шините во американската сојузна држава Канзас, при што повеќемина се повредени, соопшти локалната полиција. Во соопштението на железничката компанија „Амтрак“ се наведува дека нешто после полноќ, по локално време, во близина на Доџ Сити во Канзас излетале неколку вагони на линијата Лос Анџелес-Чикаго, пренесува „Си-Би-Ес“. Во возот, во моментот на несреќата имало 128 патници...

Одбележана годишнина од смртта на Трајковски пред спортскиот центар

По повод 12-годишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, денеска пред споменикот поставен во негова чест, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се оддржа пригодно чествување. Свежо цвеќе пред спомен-обележјето положи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставникот на Сојузот на спортски федерации на Македонија, Борче Боев. Исто така, со положување свежо...

Денеска се одбележува 12-годишнина од смртта на претседателот Борис Трајковски

Делегација на Собранието во состав Љупчо Димовски, Весна Дамчевска Илиевска, Александар Стојковски и Јагода Шахпаска, денеска во 11 часот ќе положат цвеќе на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, во Алејата на великаните на гробиштата Бутел. Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Цвеќе ќе положат директорот на СЦ „Борис...

Рударска несреќа во Русија, 90 рудари заглавени под земја

Деведесет рудари останаа заробени откако одрони го затрупаа рудникот за јаглен во градот Воркут на рускиот Арктик, соопшти денеска руското министерство за вонредни ситуации. Засега нема информации за повредени, а во тек е евакуација. - Одроните во рудникот се пријавени околу 15 часот по московско време (13 часот според средноевропско време). Можно е во рудникот моментално да се наоѓаат околу 90...

Се урна куќата на Рајна Бурева во Штип

Од силниот ветер се урна стара куќа во Ново Село, стариот дел на Штип. Ветерот што дува цел ден во Штип, особено се интензивира во попладневните часови, кога според информациите од Управата за хидрометеролошки работи, достигна брзина и повеќе од 80 километри на час. Во старата куќа, некогашниот дом на штипјанката Рајна Бурева, не живеел никој откако семејство не успеало да се договори...

Јоханесбург: Под земја заробени 115 рудари

Најмалку 100 лица останаа заробени под земја по уривањето на рудник за злато на североистокот на Јужноафриканската Република, а спасувачите досега успеале да извлечат 49 рудари. Портпаролот на синдикатот на рудари, Манзини Зунгу, изјави дека во рудникот се заробени околу 115 рудари. - Засега не е јасно што ја предизвикало несреќата – рече Зунгу. Јужноафриканските рудници се меѓу најдлабоките и најопасните во...

Во пожар во автобус загинале 14 лица во Кина

Во пожар во автобус, во Северна Кина загинале 14 лица, а повеќе од 30 биле повредени. Полицијата трага по едно лице кое е осомничено за таа несреќа, соопштија властите. Инцидентот се случил во Јинчуан околу 7 часот по локално време. Причината за пожарот сè уште се истражува. Изминатите години во Кина се случиле повеќе сериозни пожари во автобуси, за кои се виновни лица...

Спасени 11 рудари во Кина, по 18 се трага

Спасувачките екипи досега успеаја да извлечат 11 рудари, кои вчера остана затрупани во еден рудник во источната кинеска провијнција Шангдонг. Според кинеските медиуми, во рудникот се заглавени уште 18 рудари. Спасувачите информираа дека го лоцирале местото на кое се наоѓаат рударите, но операцијата за нивно извлекување е отежната поради честите одрони во рудникот предизвикани од неколкуте свлечишта во регионот. Во текот на...
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...