Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно за аплицирање на повикот е до 30 октомври

Photo by The Climate Reality Project on Unsplash

Сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, потребно е да аплицираат на повикот на Министерството за образование и наука (МОН).

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“. Корисникот на стипендија треба да прикачи потврда за запишан следен семестар, односно година на студирање, потоа уверение со положени испити, уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар.

Од МОН велат дека ова е потребно како доказ дека студентот има положено 80%, односно 90% од предвидените испити (зависно од типот на стипендијата) и дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.

Рокот за продолжување на стипендиите, односно за аплицирање на повикот на МОН е до 30 октомври.

За каква било информација или прашање, студентите може да се обратат на оваа електронска адреса во МОН: [email protected].