Студенти од факултети при УКИМ денеска се натпреваруваат во ракомет, фудбал и кошарка

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи денеска во 13 часот во Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)

Фото: Универзитетска спортска лига

Студенти на повеќе факултети од УКИМ денеска ќе се натпреваруваат во повеќе спортови, во организација на Универзитетската спортска лига. Финалните натпревари се играат претпладнево, а свеченото доделување на наградите за најдобрите тимови ќе се одржи денеска во 13 часот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ).

„Универзитетска спортска Лига е основа на универзитетскиот живот и вклучува четири тимски спортови и пет индивидуални спортови. Ги обединува студентите преку наттпреварувањето. Право на учество имаат сите редовни студенти на прв, втор или трет циклус до возраст од 28 години“, информираат организаторите на натпреварите.

Тимските спортови се одржуваат на ниво на УКИМ меѓу сите 23 факултетски единици на универзитетот. На државно ниво има селектирани екипи од сите факултети на УКИМ кои се натпреваруваат против екипи од останатите универзитети. Тимските спортови во лигате се: мал фудбал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и женска конкуренција.

Индивидуалните спортови се одржуваат преку еднодневни турнири во кои учествуваат студенти од сите универзитети од Македонија. Овде спаѓаат куглање, шах, стрелаштво, тенис и пинг-понг.