fbpx

Спикерот на грузискиот парламент го потпишал контроверзниот закон за „странски агенти“

Законот, кој предизвика бројни масовни протести, ќе ги обврза невладините организации официјално да се регистрираат како „странски агенти“ доколку повеќе од 20 отсто од буџетот го добиваат од странски извори

-

Спикерот на парламентот во Грузија изјави дека го потпишал законот за „странски агенти“, кој ќе ги обврза невладините организации официјално да се регистрираат како „странски агенти“ доколку повеќе од 20 отсто од буџетот го добиваат од странски извори.

Шалва Папуашвили го потпиша предлог законот откако законодавниот дом, контролиран од владејачката партија „Грузиски сон“, не го испочитува ветото поставено од претседателката Саломе Зурабичвили.

Законот предизвика бројни масовни протести, бидејќи се смета дека сериозно ќе ја загрози слободата на медиумите како и евроинтеграцискиот процес.

Владата тврди дека законот е потребен за да се запрат штетните странски сили кои наводно се обидуваат да ја дестабилизираат јужнокавкаската нација. Грузиски новинари и активисти, пак, велат дека вистинската цел на законот е тие да бидат оцрнети и да се ограничи дебатата и разномислието пред парламентарните избори закажани за октомври.

Противниците на законот го нарекуваат „рускиот закон“, бидејќи наликува на мерки спроведени од Кремљ за да се запрат независните медиуми, непрофитните организации и активистите. Критичарите велат дека мерката била поттикната од Москва за да ги спречи шансите на Грузија да се интегрира во Западот.

„Сега, откако законот веќе стапи на сила, сите ние треба да дејствуваме прагматично и со памет, да ги оставиме настрана непотребните емоции“, рече премиерот на Грузија Иракли Кобахиџе.

Контроверзниот закон е речиси идентичен со оној што владејачката партија не го изгласа минатата година, по притисок поради масовни протести.

Повторно имаше демонстрации во Грузија во последните недели. Демонстрантите се пресметаа со полицијата, која употреби солзавец и водени топови за да ги растера.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Седмоодделенците ќе учат од старите учебници, нови ќе се печатат в година

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември...