„Скопско лето“ одбележува 45 години постоење

„Скопско лето“ ќе трае од 21 јуни до 31 јули и ќе ја шири својата енергија преку уметниците, музичарите, забавувачите и изведувачи, кои преку нивната умешност за уметност ќе творат на неколку локации низ Скопје

Фото: Официјална Фејсбук страна на Скопско лето

Богатата ризница на настани на овогодинешното „Скопско лето“ кое ќе трае од 21 јуни до 31 јули, ќе ја шири својата енергија преку уметниците, музичарите, забавувачите и изведувачи, кои преку нивната умешност за уметност ќе творат на неколку локации низ Скопје. Главната отворена локација ќе ја заземе Сули Ан (Факултетот за Ликовни уметности), но и театарот „Златен Елец“.

Годинава побогат во програмата, но посиромашен во буџетот, збирот на културни настани ќе овозможи на публиката да ужива во 38 културни точки, распределени во 22 концерти, 7 претстави, 7 изложби и две промоции на книги.

Како главни настани се издвојуваат Концертот на камерното трио од Билјана Петровска кој ќе се одржи на 5 јули. Како водечки настан го зазема концертот на оркестарот на Фаме’с Институтот на 6 јули, а претставата за деца „Разгалениот принц“ се очекува да ги освои срцата на најмладата публика на 9 јули.

Принтскрин од официјален сајт на Фам’с институт

„Скопско лето“ се смета за еден од водечките културолошки настани во Македонија, формиран во 1979 година. Идејата позади настаните е да се зближат уметностите на посебен и својствен начин, но и да се пополни летниот период за оние кои се љубителите уметноста.

Фото: Zvjezdan Ruzic (Instagram)

Никола Глигоров, директорот за култура и уметност на градот Скопје, смета дека е  важно да се негуваат уметности преку ваквите настани, но и дека покрај намалените финанскиски средства оваа година, сепак ќе се овековечи 45-годишниот јубилеј на „Скопско лето“ кое според проценките ќе ги придобие симпатиите на многуте стари, но и нови фанови.