Ситибанк отпушти вработен, на патување на службен трошок си ја нахранил и партнерката

Британската Ситибанк доби случај откако отпушти еден од вработените поради тоа што барал надомест за трошок за јадење кое го споделил со партнерката, а иницијално излажал дека сам го изел сето јадење

Фото: Photo by Pixzolo Photography on Unsplash

Шаболч Фекете, банкар вработен во британската бранша на Ситибанк изгубил случај откако претходно се пожалил за нефер отпуштање, пишува Би-би-си. 

Фекете првично тврдеше дека тој сам изел два сендвичи и два оброка со тестенини и дека испил две кафиња за време на службеното патување во Амстердам. Кога се вратил во Лондон, побарал да му бидат покриени трошоците, што тој сметал дека било во ред согласно со дневницата од 100 евра.

Но, надредениот го испитал дали тој навистина сам консумирал сè што наложил – банката имала полиса дека не покрива патни трошоци и оброци за партнери на вработените.

„Сам бев на службеното патување и испив две кафиња бидејќи беа многу мали“, тврдел банкарот во мејл кој беше изложен во судењето.

„Тој ден го прескокнав појадокот и испив само едно кафе утрото. За ручек изедов еден сендвич со пијалак и едно кафе, и зедов уште едно кафе со мене во канцеларија и го изедов вториот сендвич попладне, кој исто така служеше како моја вечера“, збунувачки се бранел отпуштениот.

Подоцна Фекете признал дека ги делел оброците со својата партнерка. Исто така рекол дека имал тешкотии по смртта на неговата баба, зел шест недели боледување и бил на силни лекови кога одговарал на мејловите.

„Овој случај не е за сумата на пари. Во овој случај станува збор за поднесување на барањето за покривање на трошоци и за однесувањето на барателот потоа. Ќе беше во ред дури и ако барањето за покривање на трошоци било поднесено под недоразбирање. Но, постои обврска барателот да ја признае својата грешка и да ја расчисти ситуацијата во првата можна прилика. Прифаќам дека фирмата бара посветеност и чесност од своите вработени“, заклучил судијата за овој случај.