fbpx

Си го оставил кучето врзано во напуштена фабрика, Лајка најавува кривична пријава

Германски овчар, иако имал микрочип и сопственик, бил напуштен и врзан во напуштена фабрика во Скопје. Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, велат од ЈП Лајка

-

Свирепа судбина за животот на едно куче сподели денеска ЈП „Лајка“, со апел да се согледа реалноста како завршуваат дел од кучињата кои имаат сопственици, а потоа се откажуваат од нив и ги напуштаат.

Германскиот овчар бил пријавено од граѓани дека веќе подолго време е на јавен простор и напуштено. На 18-ти месецов, тоа било заловено од заловувачките екипи во општина Аеродром.

„По стандарна проверка се воспостави дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19.10.2023 кучето беше превземено од неговиот сопственик, кој си плати за заловување на кучето, согласно правилникот за работа на ЈП Лајка“, соопштуваат од претпријатието.

Минатата недела повторно имало пријава од граѓани дека има напуштено и заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда.

Напуштената фабрика каде што било врзано напуштеното куче / Фото: Мета.мк

„Нашите екипи веднаш постапија по пријавата. Кога пристигнаа на посочената локација, го најдоа истиот германски овчар, напуштен и врзан во напуштената фабрика. Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе“, споделуваат од ЈП „Лајка“.

Кучето ќе остане во стационарот до негово вдомување, а случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство. Од Лајка најавуваат и дека ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од Кривичен законик за мачење на животни, против сопственикот на кучето.

Германскиот овчар, како што велат од Лајка, не е во најдобра здравствена состојба, но се надеваат дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде огласен, за да му се најде нов дом.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...