fbpx

Шилегов: На Груевски најважен му е политичкиот маркетинг

-

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието гласаа против вистинска помош за настраданите граѓани, обвини денеска портпаролот и пратеник на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој рече дека заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени од поплавите.

Според него, ваквите заклучоци, не се ништо друго освен покритие за нефункционирањето на институциите, неспособноста и бегањето од соочување со одговорноста.

– Дури и во вакви моменти на Никола Груевски најважен му е политичкиот маркетинг. Со овој начин на однесување ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски потврдија дека немаат искрена загриженост за катастрофата и трагедијата што ги зафати граѓаните. Наместо одговорност за нефункционирање на институциите, наместо решавање на проблемите на граѓаните, клучен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се парите од криминалните тендери. Парите од Панорамското тркало, од спомениците, парите за задоволување на тендерските апетити на владејачката коалиција, мора да се пренаменат за да им се помогне на граѓаните – рече Шилегов.

Тој додаде дека за неговата партија ваквото однесување за владејачката коалиција  е неприфатливо и дека активистите и волонтерите на СДСМ ќе продолжат да им помагаат на граѓаните во поплавените подрачја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...