fbpx

Шест дена по ескалацијата на конфликтот, 90 македонски граѓани се евакуирани од Израел

На видеото што го објави српската агенција Танјуг може да се види дека пред да полета авионот, на патниците им се обраќа српскиот амбасадор во Израел, Душан Вујовиќ. Потоа се слуша еден од патниците како извикува „живела Србија“

-

Речиси една недела по ескалацијата на воениот конфликт меѓу терористичката организација Хамас и Израел, македонските државјани кои беа затекнати во земјата денеска се евакуирани. Тие полетаа од главниот град на Израел, Тел Авив кон Скопје со авион на „Ер Србија”.

Покрај нив, во авионот има уште 43 патници кои се државјани на Србија и Црна Гора. Севкупно се евакуирани 133 лица. Авионот најпрво ќе следа во Скопје околу 15:15 по локално време, па потоа ќе продолжи до Белград.

Трошоците за оваа операција ќе бидат покриени од македонската влада, а вчера, на Фејсбук пост, премиерот Димитар Ковачевски најави дека им е обезбеден летот на граѓаните.

На видеото што го објави српската агенција Танјуг може да се види дека пред да полета авионот, на патниците им се обраќа српскиот амбасадор во Израел, Душан Вујовиќ. Потоа се слуша еден од патниците како извикува „живела Србија“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...