Се одржа третото издание на Сакура – фестивалот на јапонска култура

Фестивалот се одвиваше на повеќе сцени и вклучуваше изложби, боречки вештини, балетски перформанс, пијано концерт, гејминг натпревари, мода, штандови за продажба, презентации и панел-дискусии

фото: Небојша Гелевски Бане

Во сабота, 1 јуни, во Младинскиот културен центар (МКЦ) Скопје се одржа третото издание на фестивалот на јапонска култура Сакура.

Фестивалот се одвиваше на повеќе сцени и вклучуваше изложби, боречки вештини, балетски перформанс, пијано концерт, гејминг натпревари, мода, штандови за продажба, презентации и панел-дискусии.

Во панел-дискусиите, презентациите и работилниците, учество зедоа и јапонски граѓани кои живеат во Скопје.

Од организацијата Јапан.нет.мк велат дека целта на овој настан е да се покаже оти со желба и ентузијазам може да се оствари сè – преку граѓанско здружување и многу работа.

Јапан.нет.мк е граѓанско здружение кое има за цел унапредување на културата во земјава преку организирање настани од сите области на културата инспирирани од јапонското чувство за одговорност, почитување на природата и посебна почит кон естетиката.