СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се одважи да го признае поразот на изборите

Одговарајќи на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз порача дека изборите биле регуларни и слободни, првпат по долг период, а избирачката волја на граѓаните била почитувана. ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повтори своите обвинувања од неделата дека имало бројни нерегуларности и посочи на нови инциденти.

„Во Република Македонија по долг период, првпат имаше фер, регуларни и слободни избори на кои граѓаните гласаа по сопствено убедување и без притисоци. Резултатите покажаа како изгледа Македонија кога граѓаните гласаат слободно и кога целосно се почитува нивната избирачка волја“, вели СДСМ.

Владејачката партија порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се одважи и да им честита на граѓаните за мирните и фер избори и да го признае изборниот пораз.