Раперот Шон „Диди“ Комбс се извини за физичкиот напад врз Кеси Вентура

Во тужбата поднесена минатата година, Вентура тврдеше дека била тргувана, силувана, дрогирана и тепана од раперот повеќе пати низ текот на 10 години

Фото: Си-ен-ен

„Пи Дидди“ се извини за физичкиот напад врз Кеси Вентура по долгогодишно негирање на обвиненијата. Извинувањето следува откако Си-ен-ен објави видео од камерите низ ходникот на хотелот „Интерконтинентал“ во Сенчури Сити од 2016 година.

На видео кое се објави во петокот се гледа Комбс како ја удира и ја влече по под, па фрла стаклена вазна кон неа.

Во тужба поднесена минатата година, Вентура тврдеше дека била тргувана, силувана, дрогирана и тепана од раперот повеќе пати низ текот на 10 години.

Во изјава адвокатот на Комбс рече дека „жестоко ги негира овие навредливи и срамотни наводи“, а тужбата заврши со спогодба, објави Скај Њуз.

Во соопштението пишува дека постигнале „задоволителна спогодба“ за двете страни.

„Одлучивме да го решиме ова прашање на пријателски начин. И посакувам се најдобро на Кеси и на нејзиното семејство“, изјави Комбс минатата година.

Откако Си-ен-ен го објави видеото, претставниците на Комбс не дадоа коментар за ситуацијата, а по долгогодишно негирање на обвиненијата, раперот на социјалните мрежи се извини во неделата.

„Многу е тешко да размислувате за најтемните моменти во вашиот живот, но понекогаш треба да го направите тоа рече. Се разбудив – го допрев дното – но не барам оправдување. Моето однесување на тоа видео е неоправдано“, кажа тој.

Раперот „50 цент“ (50 Cent), чие вистинско име е Кертис Џексон, го сподели видеото, пишувајќи саркастично дека сега е јасно дека Комбс е невин, а подоцна сподели изјава што Комбс ја дава во декември, каде вели дека сите обвиненија протов него се само брз начин да се земат пари.

Сопругот на Вентура, Алекс Фајн, сподели долга изјава на Инстаграм со наслов „Писмо до жените и децата“, критикувајќи ги мажите кои вршат насилство врз жените.

„Мажите кои ги повредуваат жените мразат жени. Мажите кои удираат жени не се мажи. Мажите кои го овозможуваат тоа и ги штитат тие луѓе не се мажи,“ објави тој.

Откако Си-ен-ен го објави видеото во петокот, објавија и дека полициската управа во Лос Анџелес „е запознаена со видеото“, но нема отворена истрага за Комбс.