Рама: Без Албанците нема Македонија, драг претседателе

„Господине Иванов, албанскиот јазик не ви е непријател, тоа e јазик на државотворен народ во Македонија. Без Албанците, нема Македонија, драг претседателе“, се вели во реакцијата на албанскиот премиер Еди Рама, по повод одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да формира влада.

Рама ја објави реакцијата на својот профил на „Фејсбук“.

Иванов, во образложението за недоделување на мандатот, меѓу другото, рече дека „со преговарање за постизборна платформа на туѓа држава, се загрозуваат унитарноста и суверенитетот на државата“.