Претстава „Свет без жени“ в четврток во Факултетот за драмски уметности

Фото: Тиииит! Инк.

Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво, па женско“, започнува со претставата „Свет без жени“, в четврток во 20 часот, на академската сцена на Факултетот за драмски уметности. Како што информираат од организацијата „Тиииит! Инк.“, по изведбата на претставата, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова од феминистичката платформа „Медуза“.

Влезот за претставата е слободен, но треба да се направи резервација на [email protected].

Претставата „Свет без жени“ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ ја освои наградата од публиката на Фестивалот БИТЕФ во 2022 година.

Претставата ќе се изведе како соработка меѓу Центарот за иновација во уметноста и културата „Локомотива“ и организацијата за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ и нивните фестивали „Перформанс платформа фестивал“ и „Прво, па женско“.