fbpx

Изложба и промоција на книга на словенечката уметница со македонско потекло Невена Алексовски

-

Утре во 19 часот во просториите на издавачката куќа „Прајват принт“ („PrivatePrint“) ќе се отвори првата самостојна изложба на уметницата Невена Алексовски, насловена „Земјата во нашите џебови“. На изложбата ќе се промовира и нејзината нова книга со наслов „Меланхолија на напуштените краишта“.

Изложбата се случува во рамки на јубилејното издание на фестивалот за феминистичка култура „Прво па женско“, организиран од организацијата за промоција на женската активност „Тиииит! Инк“.

„Невена Алексовски е словенечка уметница со македонско потекло која е активна на словенечката независна уметничка сцена со бројни самостојни и групни изложби. Со изложбата „Земјата во нашите џебови“ ги истражува нејзините семејни корени, потеклото и припадноста и на односот кон земјата“, информираат во организацијата „Тиииит! Инк“.

Од организацијата објаснуваат дека, тргнувајќи од сопственото и семејното искуство на преселба, таа го претставува сложеното преплетување на историјата, родот и личните географии, дополнето со разновидни социо-политички пластови.

Заедно со изложбата ќе ја промовира и својата книга „Меланхолија на напуштените краишта“, која дополнително ќе овозможи да ги проследиме патеките и личната динамика на нејзините претци.

На отворањето на изложбата и промоцијата на книгата, е предвиден и разговор со авторката. По отворањето, изложбата ќе може да се посети до 12 ноември, од среда до сабота, од 12 до 18 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...