Претпладне сончево, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Максималната температура ќе се движи од 24 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 33 Целзиусови степени.

Во следните три дена се очекува стабилно и многу топло време, додека во вторник и в среда нè очекува локална појава на пороен дожд и на грмежи.