Претежно сончево време, со температура до 24 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од западен и од северозападен правец.

Утринската температура се движи од -1 до 7 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.