Престрелка на аеродромот во Кабул, еден Авганистанец загинал

Во Кабул има уште жители што сакаат да избегаат од градот. Фото: Скриншот, БиБиСи

Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети, пренесува „Дојче Веле“.

Според информацијата која Бундесверот (германската војка) ја објави на Твитер, престрелката се случила од 4:13 часот по локално време на северната порта на аеродромот, а нема повредени германски војници.

На аеродромот во Кабул илјадници луѓе сѐ уште чекаат да заминат од Авганистан. Насекаде околу аеродромот владее хаос, постои голема загриженост поради опасност од напади. вгаОд аеродромот продолжуваат летовите со кои западните земји ги евакуираат од земјата своите државјани и локалните соработници, по преземањето на власта од страна на талибанците.

Германскиот Бундесвер во меѓувреме евакуираше преку 2.700 луѓе од Кабул, од кои преку 1.800 се Авганистанци.