Почина Шенон Доерти, познатата Бренда од серијата „Беверли Хилс“

Доерти помина долги години борејќи се со ракот на дојка, кој години подоцна метастазираше. За сето ова време, актерката позната како Бренда од серијата „Беверли Хилс“, могу отворено и јавно зборуваше за нејзината битка

Фото: Wilson Cleveland, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Шенoн Доерти, ѕвездата од „Беверли Хилс, 90210“, почина на 53-годишна возраст.

По години поминати во борба со ракот на дојка, Доерти почина во саботата, се вели во изјавата на нејзиниот публицист Лесли Слоун.

„Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со своите најблиски, како и со нејзиното куче Боуви. Семејството ја бара нивната приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, изјави Слоун.

Нејзината болест беше јавно откриена во тужбата поднесена во 2015 година против нејзините поранешни деловни менаџери, во која таа тврдеше дека лошо управувале со нејзините пари и дозволиле нејзиното здравствено осигурување да истече. Таа подоцна сподели интимни детали за нејзиниот третман по една мастектомија. Во декември 2016 година, таа објави фотографија од првиот ден на зрачење, нарекувајќи го третманот „застрашувачки“ за неа.

Во февруари 2020 година, Доерти откри дека ракот се вратил и дека е во четврта фаза.

„Немам поим колку долго ќе бидам на хемотерапија. … Тоа не е нешто што можам да го предвидам, тоа не е нешто што моите лекари можат да го предвидат. И тоа е страшно, тоа е како голем повик за будење“, рече Доерти на крајот на јуни во епизодата од нејзиниот поткаст „Да бидеме јасно“, додавајќи дека неодамнешната промена во обликот на нејзините канцерогени клетки значи дека има нови протоколи за лекување за неа.

„Веројатно за прв пат по неколку месеци – се надевам, бидејќи сега има уште многу протоколи, додека порано се надевав – но сè уште се подготвував“.

Родена од Мемфис, Тенеси, Доерти се преселила во Лос Анџелес со своето семејство на 7-годишна возраст и за неколку години станала актерка.

Доерти влезе во фокусот на јавноста портретирајќи го ликот на Бренда Волш, сестра на Брендон Волш и дел од дружината со Дилан, Кели, Стив, Андреа, Дејвид и Дона. Тие беа група тинејџери во „Беверли Хилс 90210“ што растеа во Калифорнија и го пробиваа својот животен пат од училишните денови, сè до зрелоста.

Серијата ја имаше својата премиера во октовмри 1990 година. Доерти го напушти шоуто по четвртата сезона во 1994, а потоа ја репризираше улогата неколку пати појавувајќи се како гостинка во римејкот во 2008 година.

Доерти глумеше во серии, филмови, но и беше дел од реални ТВ шоуа.