Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

Саше Димовски почина 5 август годинава, на 47-годишна возраст, по долги и тешки здравствени компликации

-

На 27 август во 14 часот во Клубот на новинари при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе се одржи комеморација во чест на новинарот Саше Димовски.

Саше Димовски почина 5 август годинава, на 47-годишна возраст, по долги и тешки здравствени компликации.

Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ.

Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник. Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми.

Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.

(ГАЛЕРИЈА) Први фотографии од студентскиот „Кузман“ чија реконструкција е во тек

Министерството за образование и наука (МОН) денеска до медиумите ги сподели првите фотографии од внатрешноста на студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“, чија реконструкција е во тек. На фотографиите може...