fbpx

Пешаци претрчуваат преку булевар „Србија“ кај зградите на Џевахир, ЦУК бара пешачки премин

Во овој дел има голема концентрација на жители и во висококатниците и во наслебата, кои постојано имаат потреба да преминат од другата страна на булеварот

-

Центарот за управување со кризи покрена иницијатива до Градот Скопје да се направи пешачки премин или кружен тек на булеварот „Србија“, кај зградите на Џевахир, за да се спречат пешаците да го претрчуваат булеварот по сообраќајницата меѓу новиот трговски центар и населбата Реонски центар.

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека во овој дел има голема концентрација на жители и во висококатниците и во наслебата, кои постојано имаат потреба да преминат од другата страна на булеварот, за што на располагање имаат два пешачки премини на семафорите, но помеѓу нив има растојание од околу 800 метри, заради што се одлучуваат да претрчаат и да се изложат на опасност.

„Бараме од Град Скопје, по барање на граѓаните коишто живеат на ова подрачје најбрзо што може да се уреди еден пешачки премин или кружен тек за да можат и возилата безбедно да се приклучат на булеварот „Србија“, вели Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски во МНР, Тошковски во МВР, Мисајловски министер за одбрана, Мицкоски ги соопшти имињата на својот кабинет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски вечерва ги соопшти имињата на предлозите од коалицијата „Твоја Македонија“ за кандидати за членови на новата влада. Министер за надворешни работи и...