fbpx

Од ноќеска на полноќ Еуросупер 95 поскапува за половина денар по литар

Цените на Еуросупер 98, Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат

-

Бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за половина денар повеќе по литар од ноќеска на полноќ и ќе чини 83 денари. Цените на Еуросупер 98, Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Еуросупер 95 – 83,00 (денари/литар)
  • Еуросупер 98 – 85,00 (денари/литар)
  • Еуродизел – 76,50 (денари/литар)
  • Масло за горење (ЕЛ-1)- 75,00 (денари/литар)
  • Мазут – 48,008 (денари/килограм)

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) покачувањето на малопродажната цена на бензинот Еуросупер 95 е за 0,15 отсто во споредба со минатата недела.

Од РКЕ, поскапувањето го објаснуваат со раст на „референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во просек за 0,868 отсто, кај дизелот за 0,368 отсто, кај екстра-лесното масло за 0,387 отсто и кај мазутот за 0,170 отсто.

Avatar
Марио Спасевски
Новинар, Подкастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето...

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Укинатите возови од Скопје за Битола повторно во функција, младите и пензионерите ќе се возат бесплатно

По речиси една година откако беа укинати по два воза дневно на релација Скопје - Битола - Скопје, ЈП „Македонски железници“ ги враќа истите линии на поаѓање и доаѓање....