Од денес до 10 отсто намалување на маржата на производите во есенската кошница

Станува збор за намалување на цената на 73 основни производи кои вклучуваат леб, брашно, пекарски производи како бурек со месо и сирење, млечни производи, месо и други

-

Од денеска, трговците на големо и на мало треба да ја намалат до 10 отсто маржата на основните прехранбени производи кои спаѓаат во есенската потрошувачка кошница. Станува збор за 73 производи, со што цените треба да бидат пониски за десет отсто.

Некои од производите во кошницата вклучуваат леб, брашно, пекарски производи како бурек и банички со месо и сирење, млечни производи, месо, одредено овошје и зеленчук, ориз, грав, масло и одредени конзервирани производи.

„Тоа коешто беше мерка треба да стартува денеска, очекувам намалување на најмалку десетина проценти. Оваа мерка ќе трае некаде таму до крајот на октомври месец. Седумдесетина производи се практично производи коишто се како резултат на овој закон се со намалени цени. Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа, во зависност на потребите на граѓаните. Ќе потсетам производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на една анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи се најкористени во овој период од годината. Така ќе биде можеби и пред новогодишните празници, така ќе биде на пролет и цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите“, кажа премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање.

Во Европска куќа се одржа промоцијата на Националната кампања на ХЕРА „Во ист ритам“

Денес во Европска куќа, Aсоцијација за здравствена едукација и истражување - ХЕРА ја промовираше Националната кампања „Во ист ритам“, со која се цели промовирање демократските вредности и процеси, информирање...