Облачно време, со температура до 13 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо, со слаби локални врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на места ќе достигне брзина и до 60 километри на час.

Утринската температура се движи од 3 до 7 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје и околината се очекува слично време, облачно и посвежо, со слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 11 Целзиусови степени.