fbpx

Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравјето, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност

-

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година, соопшти денеска Министерството за култура.

Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравјето, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2024 година, а целиот конкурс и пријавата може да се најдат на интернет-страницата на Министерството за култура на овој линк.

Оваа награда се доделува секоја година, а во една година може да се доделат најмногу пет награди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Јаневска: Децата со посебни образовни потреби треба да се идентификуваат со нивните потенцијали

Иклузивното образование е сериозен и повеќеслоен предизвик, што бара посветена и тимска работа, посочи министерката Весна Јаневска, на настанот „Разговори за еднаквост“, организиран од страна на Комисијата за спречување...