Ново обвинение за дивоградба против охридскиот бизнисмен Нефи Усеини

Против Усеини се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид. Тој отстапи од својата позиција во Советот на Охрид, откако доби осудителна пресуда за претепувањето на екссоветникот Џемал Мена за време на седница

-

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење. Едно од лицата е контроверзниот охридски бизнисмен Нефи Усеини.

„Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27 јули 2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност“, велат од обвинителство.

Против Усеини веќе се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.

Усеини беше советник од редовите на ДУИ во Советот на Општина Охрид, но лани тој отстапи од својата позиција, поради, како што рече, „од лични причини“. Неговото име со години ја бранува јавноста преку низа скандали. Сè започна со изградбата на пицеријата кај чинарот која се води како дивоградба, па тепачката со друг советник и професор, изградбата на бетонската база на брегот на езерото. За ниту еден од овие случаи нема разрешница.

Влијанието на фан заедниците врз поп културата: Како Македонија се вклучува во светските трендови?

Автори: Гоше Николов и Христијан Крстевски Кога во 2019 година беше претставен првичниот дизајн на мегапопуларниот еж „Соник“ за првпат адаптиран на филмското платно, трејлерот за долгоочекуваниот филм „Sonic the...