Две седмици пред почетокот на грејната сезона, ЕСМ почна да го поставува новиот топловод на изгорениот мост Беласица

ЕСМ и минатата година во октомври најави дека е започната санацијата на стариот цевковод и поставувањето на новиот топловод

-

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопшти дека денес, две недели пред почетокот на грејната сезона, започнало со монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица, заедно со ЕСМ Дистрибуција на топлина.

Од ЕСМ велат дека „поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона“.

Минатата година на 20 октомври ЕСМ исто така соопшти дека е започнато поставувањето на нови цевки. Тогаш исто така најави оти објектот бил саниран и дека успешно биле отстранети старите оштетени цевки.

„До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО. Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури“, стои во соопштението на ЕСМ.

ЕСМ: Започна санацијата на цевководот под мостот Беласица

Путин не е цар на православието и не придонел за постоењето на Македонија

Објава на Фејсбук му го честита 72-от роденден на рускиот претседател Путин, тврдејќи дека без него дури не би постоела Македонија, па дури ни православието, чиј лидер или цар...